Скопје
Анкета на SkopjeInfo.mk: Градоначалниците на Аеродром, Карпош и Центар најуспешни
Веб порталот SkopjeInfo.mk трета година по ред ја спроведе анкетата за најуспешен градоначалник во Скопје, според која победник е градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски.
Од вкупниот број на гласови Коневски освои 27 проценти од гласовите, односно 3.710 гласови. На второто место со 2.540 гласови се најде градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, додека градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски е на трето место со 2.256 гласови.
Понатаму, според резултатите од анкетата на ранг листата се наоѓаат градоначалниците на Чаир и Кисела Вода, а речиси незабележителен број гласови освоија градоначалниците на Сарај, Бутел, Ѓорче Петров и Гази Баба.
Во овој период на анкетата гласаа вкупно 14.109 читатели.
„Интересно е што вакви слични резултатите имавме и во претходните години. На најуспешниот градоначалник му честитам за победата, а на останатите им порачуваме дека ваквите резултати се причина посериозно да пристапат на реализација на ветените проекти, повеќе да работат, но и да бидат потранспарентни и отчетни пред граѓаните“, вели Берта Китинска, новинар во Скопје Инфо. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

