Контакт

Вести

САД предизвикаа скандал со пуштање на химната од Третиот рајх

Објавено пред

Американскиот тениски сојуз предизвика скандал поради што беше принуден на извинување откако во саботата пред почетокот на првиот меч од натпреварувањето на женските селекции во Фед купот меѓу САД и Германија беше интонирана старата и контроверзна верзија на германската химна која била користена во времето на Третиот рајх, а е забранета по Втората светска војна.

dobivaj vesti na viber

Пред почетокот на поединечниот меч кој го играа Алисон Риске за САД и Андреа Петкович за Германија во Лахајин, на Хаваи, изведувачот ја изведе првата строфа од германската химна „Das Lied der Deutschen“ којашто се изведувала во времето на Третиот Рахј и не се изведува од 1945 година.

Таа прва строфа, којашто започнува со зборовите „Deutschland, Deutschland über alles’ (Германија, Германија над сите), има отворена националистичка конотација, бидејќи во промовирањето на својата идеологија ја користел Адолф Хитлер.

Германската химна која од 1952 година ја користеше Западна Германија, а по 1999 година и обединетата Германија, всушност е третата строфа од песната „Das Lied der Deutschen“ (Песна на Германците), напишана од Хофман фон Фалерслебен на музиката од Јозеф Хајден, којашто започнува со зборовите „Einigkeit und Recht und Freiheit“ (Единство, право и слобода). Првите две строфи не се целосно забранети, но никогаш не се изведуваат на официјални настани.

Демократска Република Германија (комунистичка) во периодот од 1949 до 1989 година имаше сопствена химна.

„Американскиот тениски сојуз искрено ѝ се извинува на германската репрезентација и на нејзините навивачи поради емитувањето на старата верзија на германската химна…. Таа грешка повеќе нема да се повтори“, објави USTA на својот Twitter профил.

Германските тенисерки биле шокирани кога ја слушнале првата строфа од химната којашто хитлеровата Националсоцијалистичка партија почнала да ја користи во согласност со својата идеологија.

Ваков гаф веќе се случи на спортски натпревар, на Светското првенство во кану и кајак во Унгарија.

„Тоа е ужасен срам, навреда, тоа е нешто најлошото што сум го доживеала“, изјави подоцна германската тенисерка Андреа Петкович.

Германската селекторка Барбаба Ритнер инцидентот, исто така, го нарече „скандал кој не се проштева“ и „неверојатен недостиг од почит“./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд. Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку...

Македонија5 часа

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на...

Македонија6 часа

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...

Македонија7 часа

Обезбедувачот на Мицкоски за 50.000 евра оддавал службени тајни, приведен е

За 50.000 евра откривал полициски службени тајни од истрага. Припадникот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е во притвор. Од...

Македонија7 часа

Кочани доби ново амбулантно возило – донација од компании

Донирано е амбулантно возило за општата болница во Кочани од страна на приватни компании. Амбулантното возило е донација на „Аутомотив...

Македонија8 часа

По трагедијата во Кочани целосно се забранува употребата на пиротехниката во затворен простор

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани го менува Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Пратениците со 87 гласа „за“, без...

Македонија9 часа

Нема повеќе седење дома и земање плати, потребна ни е ефикасна администрација, порача Мицкоски

„Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината...

Македонија10 часа

Трендафилов подготвен тој и сите функционери една година да земаат плата 500 евра, но уште утре минималната да се зголеми на истиот износ

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, е подготвен една година тој и сите избрани и именувани...

Македонија10 часа

(Видео) Талески: Мицкоски не може да не знае, втор обезбедувач од неговиот круг фатен во контакт со подземјето

Оваа Влада и ДПМНЕ се очигледно сериозно вмешани во криминал, а лица од најголема доверба на премиерот во континуитет се...

Свет13 часа

(Видео) Масовни кремирањa, сè мириса на смрт во Мјанмар: преживеаните во очај, луѓето клекнати на улица и плачат

Сè послаби се надежите во Мјанмар дека ќе се пронајдат живи луѓе по разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата...

Македонија13 часа

Во Козле, во „8 Септември“ или во странство ќе одат на рехабилитација пациентите со потешки повреди, кои следната недела ќе почнат да се враќаат

Во текот на оваа недела од лекување во странство најавено е дека ќе се враќаат пациентите што се целосно закрепнати,...

Македонија14 часа

93 пациенти повредени во пожарот во Кочани закрепнаа, уште 100 се лекуваат во странство и во домашните болници

Од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување, а во болниците во...

Регион15 часа

(Видео) Грција ја зафати невидено невреме, уништени омилените туристички места

Страшното невреме што ја зафати Грција речиси инстантно ги уништи омилените места за одмор во оваа земја. Некои од најубавите...

Македонија15 часа

„Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски“, прашува СДСМ

„Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал на тие позиции. Оттука се...

Свет16 часа

Нема знаци за живот под урнатиот облакодер во Бангкок: „Ќе копаме уште“

Гувернерот на Бангкок Чадчарт Ситипунт изјави дека не се откриени знаци на живот во урнатините на облакодер во главниот град...

Свет17 часа

Првото патување на Трамп ќе биде во Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека планира да ја посети Саудиска Арабија уште во мај за да потпише инвестициски...

Свет17 часа

(Видео) Кина одржува воени вежби околу Тајван, објави анимација: „Паразитот го труе островот“

Кина го распореди својот носач на авиони Шандонг и други бродови околу Тајван, објави денеска тајванското Министерство за одбрана, додека...

Регион18 часа

(Видео) Додик се огласи по неколкудневен молк: Пристигнав во Москва

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, по кој трагаат правосудните органи и полициските агенции во Босна и Херцеговина, вчера вечер...

Спорт1 ден

ФФМ најави дисциплинска постапка за натреварот во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија најави санкции за фудбалскиот клуб Шкендија, чии навивачи денеска предизвикаа скандал со недоличното однесување пред почетокот...

Спорт1 ден

(Видео) Навивачи на Шкендија наместо молк за жртвите од Кочани, пееја и исвиркуваа

Натпреварот меѓу Шкендија и АП Брера од Струмица го одбележа недолична сцена на почетокот на мечот кога домашните навивачи решија...