Црна хроника
Шестмина повредени во сообраќајна несреќа на „Партизанска“

Шест лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи во недела наутро на крстосницата кај булеварите „Партизански одреди“ и „8. Септември“ во Скопје.
Како што информираат од СВР Скопје, сообраќајката се случила меѓу патничките возило „Ауди А6“, управувано од В.Д. (1945) од Скопје, „Мерцедес Ц 200“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К. (1981) од Скопје, „Опел астра“ со скопски таблички, управувано од Д.С. (1991) и возило „Фиат Линеа“ со струшки регистарски ознаки управувано од Љ.У. (1989).
По сообраќајната незгода возачите В.Д и С.К. со возило на Брза помош биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, Љ.У. и неговиот сопатник А.Т (1994) од Скопје во клиниката „Свети Наум Охридски“, а Д.С. и сопатничката О.Ц. (1991) Скопје во Ургентен центар. Кај О.Ц. се констатирани тешки телесни повреди, фрактура на вратен пршлен. На натамошно лекување се задржани и возачите С.К. и Д.С., кој е препратен на Очната клиника, додека В.Д., Љ.У и А.Т, кај кои имало телесни повреди се пуштени на домашно лекување. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Двајца мажи од Гевгелија пронајдени починати во своите домови

Вчера во 11:20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат И.Г.(45) од Гевгелија.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Истиот ден во ОВР Гевгелија во 16:35 часот било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат М.Р.(45) од Гевгелија.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Топ
Син ја убил мајка си во Штип

Утрово во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип.
Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под раководство на јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
Црна хроника
Предизвикал пожар: уапсен охриѓанец

Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.
При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронашле запалка која била одземена за натамошна постапка.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.