Македонија
Струмица гас го демантира Пишев, ќе покренат кривична
Лага е дека фирмата Си Ен Џи системс не ги исполнува условите за добивање на тендерот за набавка на гас за Ј.П. Струмица – Гас во 2016 година.
Од Струмица гас појаснуваат дека таа фирма на на меѓународен повик за доставување најповолна понуда, во согласност со највисоки стандарди доставила најниска цена и истиот бил одобрен од бирото за јавни набавки затоа што е во согласност со критериумите и законот.
„Лага е дека граѓаните на општина Струмица наводно плаќале поскап гас. Вистината е дека само градот Струмица има реализирано проект за дистрибуција на природен гас.
Цената по којашто се набавува гасот е согласно Пазарот на CNG и во овој момент таа е уште пониска од цената врз основа на којашто е доделен распишаниот меѓународен тендер. Лага е дека фирмата не ги исполнува условите за добивање на тендерот“, се вели во демантот на Струмица гас.
Посочуваат дека пазарот на природен гас е либерализиран и не е возможно да се фаворизира одредена компанија, ако таа не е способна да реализира ваков тип на снабдување со природен гас.
Васил Пишев, (кој денеска до јавното обвинителство достави документи според кои фирмата незаконски го добила тендерот), да се извини во рок од три дена, во спротивно против него ќе биде покрената кривична пријава за лажно пријавување, велат од Струмица гас./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

