Забава
Харисон Форд „за влакно“ избегнал судар со Боинг 737
Славниот актер, Харисон Форд, имал нов инцидент зад управувачот на својот авион, откако ја „промашил“ пистата за слетување и се упатил кон делот на аеродромот „Џон Вејн“ во Калифорнија, наменет за таксирање.
Телевизиската мрежа NBC пренесува дека пасионираниот летач, 74-годишниот Форд прелетал над комерцијалниот авион „Боинг 737“, кој се подготвувал за полетување.
„Дали овој авион треба да биде под мене“, ја прашал Форд контролата на летање откако успеал да слета на аеродромот „Џон Вејн“.
Актерот добил одоговор дека добил добри координати, но наместо кон пистата, тој тргнал да слетува на делот на аеродромот за таксирање на леталата каде се наоѓал „Боинг 737“, чиj пилот чекал Форд да го заврши својот лет.
Федералните служби го истражуваат инцидентот поради кршење на безбедносните правила и Харисон Форд би можел да биде опоменат, но исто така мoже и да му биде одземена дозволата за летање.
Харисон Фрд е колекционер на стари авиони, а ова му е втор сериозен инцидент во последните неколку месеци. Тој во 2015 година се урна на терен за голф, откако откажа моторот на авион од Втората светска војна, кој е дел од неговата колекција.
NBC, истакнува дека Форд има репутација на „извонреден пилот“. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мажите родени во овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак
Секоја врска е единствена, вклучувајќи го и бракот. Но, иако изгледа дека некои парови ги откриле тајните на среќниот брак, можеби и астрологијата е фактор за нивниот успех. Мажите родени под овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак.
Бик
Мажот роден во знакот Бик е идеален партнер за долгорочен брак. Биковите се познати по својата чувствителност и романтична природа, што значи дека секогаш ќе се трудат пријатно да ја изненадат својата сакана.
Рак
Раковите се вистински мајстори кога станува збор за грижата за своето семејство и партнерот. Мажите родени во овој знак носат топлина, сочувство и емоционална поддршка во секоја врска. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат потребите на своите партнери без многу зборови.
Девица
Девиците се познати по педантноста и аналитичката природа, што ги прави идеални партнери за стабилен брак. Мажите родени во овој знак ќе и се посветат на партнерката со иста грижа и прецизност како што и пристапуваат на секоја друга задача.
Вага
Мажот роден во знакот Вага носи хармонија и рамнотежа во секоја врска, вклучувајќи го и бракот. Нивната способност да преговараат и да решаваат конфликти ги прави одлични партнери со кои е лесно да се договорат. Вагите секогаш ќе го бараат најдоброто решение за двајцата партнери, правејќи го бракот хармоничен и задоволувачки.
Забава
Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот
Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.
Никола Велигден го помина во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии и видеа на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе.
„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, рече Никола.
Забава
Марко Новески објави прва фотка со близначињата: „Мојата дупла среќичка“
Водителот Марко Новески на својот Инстаграм профил објави прва фотографија со новородените близначиња Веда и Вања.
Новески, на 23 април 2024 откри дека заедно со сопругата станале родители и тогаш на неа и се заблагодари на сопругата што му го остварила најголемиот сон.
View this post on Instagram
10-тина дена по раѓањето, Марко објави фотографија, а во прегратка му се двете дечиња.
„Мојата дупла среќичка“, напиша тој,