Македонија
Морскиот лав во ЗОО Скопје угинал од голтнат камен

Морскот лав Аби од скопската Зоолошка градина голтнал камен кој му го затворил желудникот и го убил животното, кое угина на 8 февруари, покажа покажа обдукцијата од Факултетот за ветеринарна медицина, чии резултати денес беше презентирани во Зоолошката градина.
Ветеринарнката Јована Стефановска рече дека кај животното не се најдени болести.
„Обдукцијата ја правевме на лице место поради големината на животното и отежнатиот транспорт. Беа земени примероци за понатамошни анализи, иако уште на лице место докторите утврдија дека морскиот лав пцовисал поради тоа што на крајот на желудникот е откриено страно тело кое целосно го затворило и храната не можела да продолжи понатака низ телото. Од тука се појавил намален апетит кој негувателите го открија и ни пријавија, но никој не можеше да претпостави дека морскиот лав има камен во желудникот. Анализите на земените примероци покажаа дека морскиот лав нема болести, паразит ниту бактерии“, рече Стефановска.
Портпаролот на Зоолошката градина Дане Кузмановски го покажа каменот кој лекарите го извадиле од желудникот на Аби.
„Овој камен не е возможно на морскиот лав да му го фрли некој вработен. Му го фрлил некој несовесен посетител, а тој го лапнал мислејќи дека е храна“, рече Кузмановски и го покажа и федерот кој претходно бил изваден од устата на морскиот лав, а што некој посетител го фрлил во водата.
Морскиот лав угинана 8 февруари, само неколку недели откако на операција поради повреда на ногата пцовиса мајмун. Морскиот лав и мајмунот се две од десетте животни кои пцовисале во скопската Зоолошка градина во последните седум години.
За истиот период во Зоолошката градина се родиле 121 животно./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно место се објавени?

Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно достапно место се објавени?, прашува Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пешевски е на чело на синдикат каде работниците на скелиња земаат минимална дневница, за разлика од таа на Пешевски, кој е поставен таму не од граѓаните како пратениците, туку од тесен круг од неговите пријателчиња од ССМ. И таа позиција си ја наследуваат од колено на колено, како и неговите пријатели и ментори од црвената буржоазија на СДС.
Ако Пешевски со имот и примања како комунистички директор е претставник на работничките права, тогаш неговиот ментор Заев е чесен човек, а тие Лехваленса, објави на ФБ Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ“.
Македонија
One Stop Shop од средината на април ќе се воведе на границата со Косово

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.
„Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли“, соопштуваат од МВР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.