Контакт

Политика

МО: Министерот Јолевски секогаш се залагал за територијалниот интегритет на Македонија

Објавено пред

Министерот за одбрана Зоран Јолевски на сите средби што ги имаше во Вашингтон, како и секогаш, се залагал за територијалниот интегритет, суверенитет и унитарниот карактер на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

Ова се вели во реакцијата од Министерството за одбрана, на пресот на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кој праша за што министерот Јолевски разговарал со Дејна Рохрабакер, како и околу статусот на неговата посета на САД.

Од МО го потсетуваат Шилегов дека министерот за одбрана Зоран Јолевски, во 2008 година додека беше амбасадор на Република Македонија во САД го преговараше текстот Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија во која САД експлицитно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет, како и унитарниот карактер на Република Македонија.

„За време на последниот престој министерот Јолевски имаше средба и со заменик помошник државниот секретар Хојт Ји, и македонската јавност беше информирана од изјавата на портпаролот на Стејт Департментот, дека САД го поддржуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија“, се вели во реакцијата од Министерството за одбрана.

Од таму уште додаваат дека за време на официјални и работни посети на министерот за одбрана Зоран Јолевски независно во која земја во светот, на средбите, конференциите, билатерални и мултилатерални средби, безбедносни форуми итн., секогаш ја достоинствено ја претставува Македонија.

„На овие средби говори за потребата за што поскоро интегрирање на Република Македонија во евроатлантските структури и бара поддршка за остварување на оваа стратешка цел, ги презентира аргументите зошто треба да сме веќе дел од НАТО, се залага за територијалниот интегритет, суверенитет и унитарниот карактер на Република Македонија и истовремено бара поддршка за зајакнување на одбранбените капацитети на Република Македонија кои ќе бидат гарант за безбедноста на македонските граѓани, а воедно и постабилен регион“, велат од МО.

Уште и додаваат дека министерот Јолевски на сите средби се залага за достигнувањата на македонската армија и нивната способност да одговорат на предизвиците, а со тоа да бидат рамо до рамо со останатите војници од земјите членки на НАТО, каде што е зацртан и нашиот пат, ги презентира аргументите за реформи во одбраната согласно НАТО стандардите и се залага за стабилизација и безбедност на регионот и пошироко и ги презентира политиките на Република Македонија дека се залагаме за почитување на човековите права и вредности. /крај/со/ст

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Обвинителството бара да се продолжи притворот на осомничените за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани побара од Судот да се продолжи притворот за сите осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката...

Македонија7 часа

Седум пациенти денес се враќаат од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун

Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и...

Македонија7 часа

Општина Ѓорче Петров до инвеститорот кој урна ѕид на соседна зграда: Веднаш да се прекине изградбата на објектот

Овластен градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров извршил вонреден инспекциски надзор и увид на местото каде ѕид меѓу вториот и...

Македонија8 часа

Вработените во штипскиот затвор со поинаква верзија за дрогата, за полицијата и за кучката Цеца

Група вработени лица во штипскиот затвор реагираа со демант на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов,...

Македонија9 часа

(Видео) Апсења во фабрика за канабис, најдени сомнителни буриња

Извршени се претрес и вонредна контрола во фирма во Гостивар, која поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели. Фирмата...

Македонија10 часа

Обвинителите го прашуваат таткото на Вања зошто бил невработен и каков ученик бил: „Со Шекеринска бевме првенци на генерацијата“

Во судот денес сведочи Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој одговара на прашањата на обвинителите. Во испитувањето се осврнаа...

Македонија10 часа

„Пред велигденските празници ќе бидат достапни сите лекови за онколошките пациенти во количини за наредните 12 месеци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС повторно шири лаги и манипулации. СДС е препознатлив единствено по неговата навика да користи чувствителни теми за да го...

Македонија11 часа

Се бара одговорност за илјадниците примероци од Правописот што со години скапувале во несоодветни услови

По информациите дека повеќе од 2.600 примероци од Правописот на македонскиот јазик (второ издание, 2017 година) седум години се чувале...

Македонија11 часа

Алијансата го исклучи од партијата директорот на Геријатрија, кој барал мито за да смести неподвижно лице

Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи, кој е осомничен дека зел мито за да смести неподвижно лице....

Македонија12 часа

Наместо оставки, членовите на Судскиот совет оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на млада девојка на пешачки, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на Судски совет со изгласана недоверба, наместо да поднесат оставки, оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на...

Македонија13 часа

(Видео) Мециновиќ: Кандидатите за Програмскиот совет на МРТ претендираат за трет мандат спротивно на законот

„Во член 118 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги се вели следното: мандатот на членовите на Програмскиот совет...

Македонија13 часа

Дел од онколошките пациенти повторно без лекови, СДСМ бара одговорност

Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Oколу еден месец нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало...

Македонија13 часа

Свлечиште во Битолско блокира пат

РЦУК Битола, известува дека поради настанатото свлечиште на патот што ги поврзува село Долно Дивјаци, Општина Крушево и село Кочишта...

Македонија13 часа

Потрагата по исчезнатото повозрасно лице од Степанци во Штипско продолжува

Исчезнатото повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16:20...

Европа13 часа

(Видео) Обилен снег паѓа во Анкара

И покрај тоа што е речиси половина од април, месецот кој повеќето го поврзуваат со пролетта, утрово во турската престолнина...

Регион14 часа

(Видео) Орбан го поддржа Вучиќ: „Вашата борба е и наша“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати порака со поддршка до српскиот претседател Александар Вучиќ во која порача дека српските патриоти можат...

Свет14 часа

(Видео) Директор на „Сименс Шпанија“, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Попладневното патување на семејство шпански туристи над замаглениот брег на Менхетен се претвори во трагедија кога хеликоптерот во кој се...

Свет15 часа

Златото достигна рекордно високо ниво поради стравувањата од трговска војна меѓу САД и Кина

Цената на златото достигна нов рекорд бидејќи расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина. Една унца злато сега...

Свет15 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Њујорк, шест лица загинаа, меѓу кои и деца

Неколку служби за итни случаи реагираа вчера вечер на извештајот за пад на хеликоптер во реката Хадсон, недалеку од западниот...

Македонија1 ден

Уште неотворена, новата градинка во Бутел демолирана – хулигани искршиле врати и прозорци, штетата е голема

Вандализирана е новата детска градинка во Бутел 1, објави градоначалникот Дарко Костовски. Вели дека МВР веќе има лоцирано осомничени лица,...