Вести
Борби на ривалските фракции во Сирија, погубен 41 џихадист
Во сириската покраина Идлиб во петокот се воделе борби меѓу ривалските џихадистички групи, а 41 борец е погубен со стрелање, заострувајќи ја борбата за влијание во оваа северна покраина, соопшти во петокот опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.
Според извештајот на SOHR, џихадистичката грипа Џунд ал-Акса стрелала во понеделниот 41 непријателски борец во местото Кан Шејкун, но нивната смрт била потврдена дури во петокот.
За влијанието во северната сириска покраина Идлиб веќе петти ден се борат екстремистите од групациите Џунд ал-Акса и Фатах ал-Шам со сојузниците. Фатах ал-Шам заедно со бунтовничките групи се борат под знамето на Џебхат Тарир ал-Шам, а борбите се прошириле и на соседната покраина Хама.
Судирот продолжил и во петокот, се наведува во извештајот на SOHR кој се потпира на широката мрежа извори и активист кои наводно ги има ширум Сирија. Од понеделникот загинале 125 борци, меѓу кои се и 41 стреланиот, се додава во извештајот.
Борбите укажуваат за жестокото соперништво меѓу групите кои сакаат да владеат во покраината Идлиб, којашто досега владините сили не успеаја да ја вратат под своја контрола.
Споменатите групи кои своевремено беа сојузници, заедно се бореа против војската на сирискиот претседател Башар ал-Асад која целосно беше истисната од Идлиб во 2015 година. Меѓутоа, од јануари година започнаа меѓусебно да се борат за влијание и секога група сака да владее со другите.
Ултрарадикалната сунитска организација Исламската држава не е поврзана со овие групи. И таа има заземено дел од територијата на северот од Сирија.
Сирискиот судир станува сé покомплицирано, бидејќи во него се вклучија домашни, регионални и меѓународни фактори, како и џихадистичките групации./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.