Контакт

Вести

Во Малезија уапсен осомничен за убиството на братот на Ким Џонг-ун

Објавено пред

Малезиската полиција уапсила четврто лице осомничено за убиството на 40-годишниот Ким Џонг-нам, полубратот на северноорејскиот комунистички диктатор Ким Џунг-ун, и според локалните медиуми станува збор за 47-годишен државјанин на Северна Кореја.

dobivaj vesti na viber

 

Според малезиските медиуми, полицијата во петокот вечерта по локално време во главниот град Куала Лумпур уапсила маж кој наводно е поврзан со убиството на Ким Џонг-нам, кој е на 47-годишна возраст. Во моментот на апсењето кај него е пронајден пасош на Северна Кореја, а сега се проверува неговата валидност. Се истакнува дека во пасошот на приведениот маж имало штембили дека повеќепати престојувал во Малезија.

Полицијата прецизира во соопштение дека осомничениот е идентификуван како Ри Џонг-чол, роден на 6-ти мај 1970 година. „Осомничениот е вмешан во убиството на северноорејскиот маж“, се наведува во соопштението.

Покрај тоа, весникот China Press пишува дека полицијата распространила до сите полициски станици фотографии на четворица мажи, осомничени за убиството, по кои е распишана потерница.

Претходно беше објавено дека полицијата уапсила две жени за убиството на Ким Џонг-нам, кој некогаш беше сметан за можен лидер на Северна Кореја, 29-годишна државјанка на Виетнам и 25-годишна државјанка на Индонезија, а потоа и 26-годишен државјанин на Малезија, кој бил во врска со Индонезијката.

Ким Џонг-нам почина оваа седмица по напад на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур, за кој е сомнева дека било труење со отров со брзо дејство. Јужнокорејските и американските функционери соопштија дека го убиле агенти на Северна Кореја.

Според различните верзии, Кин Џонг-нам може да е прободен со отровни игли со кои во него е инјектирана токсична супстанција или му е ставено на лицето многу отровна материја со некој тампон. Јужнокорејските медиуми повикувајќи се на експерти, наведуваат дека нападот најверојатно е изведен со високо токсичниот нервно парализирачки агенс VX. Засега нема официјален заклучок за причината за смртта.

Северна Кореја соопшти во саботата дека категорично ќе ги отфрли резултатите од обдукцијата во Малезија и ја обвини оваа земја за „заговор со надворешни сили“, притоа алудирајќи на Јужна Кореја. Пјонгјанг во петокот вечерта побара телото на Ким Џонг-нам веднаш да биде предадено, а претходно се обидуваше да ги увери малезиските власти да не ја направат обдукцијата.

„Малезиската страна ја изведе обдукцијата без наша дозвола и присуство“, изјави за новинарите севернокорејскиот амбасадор Канг Чол пред болницата во којашто се наоѓа телот на Кон Џонг-нам.

Ким Џонг-нам, наводно бегал од Северна Кореја и се сокрил во Малезија, откако неговиот брат го ликвидираше нивниот чичко Јанг Сонг-таек, откако јавно ја критикувал династијата поради контролите врз животите на граѓаните кои ги води во изолираната нуклеарно вооружена комунистичка земја.

Станува збор за најстариот син на Ким Џонг-ил, поранешниот севернокорејски водач, кој преживеа обид за атентат во Макао веднаш по починувањето на неговиот татко. Неговата мајка е познатата севернокорејска актерка Сонг Хе-рим. Мајка на актуелниот севернокорејски диктатор, пак, е севернокорејската актерка и танчарка од јапонско потекло Ко Јонг Хуи.

Додека своевремено го сметаа за наследник на неговиот татко на чело на комунистичка Северна Кореја, тој Ким Џонг-нам падна во немилост на тамошните власи и политичка елита откако во 2001 година се обиде да влезе во Јапонија со фалсификуван пасош, придружуван од две жени и дете. Оттогаш живее во странство, најчесто во Макао./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е...

Свет5 часа

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува...

Топ6 часа

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се...

Македонија7 часа

Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската...

Топ7 часа

Уапсени крадци на автомобили – ги расклопувале за делови

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Н.(68) од Липково, поради постоење...

Македонија7 часа

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова...

Регион9 часа

Тито почина пред 44 години. Дали беше херој или злосторник?

На денешен ден, пред 44 години, во Љубљана почина Јосип Броз Тито. Кој беше тој? Изгледа, за кого како. Кој...

Свет10 часа

Блинкен: Хамас е единствената пречка за прекин на огнот во Газа

Палестинското исламистичко движење Хамас останува „единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“ со Израел, изјави вчера американскиот...

Македонија11 часа

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ23 часа

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија24 часа

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион1 ден

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...

Македонија1 ден

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија1 ден

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија1 ден

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија1 ден

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Македонија1 ден

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет1 ден

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа2 дена

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет2 дена

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...