Контакт

Вести

Во среда најверојатно ќе бидат објавени резултатите од обдукцијата на телот на Ким Џонг-нам

Објавено пред

Резултатите од обдукцијата над телото на полубратот на севернокорејскиот водач може да бидат објавени најрано во среда, соопшти министерството за здравство на Малезија во понеделникот.

dobivaj vesti na viber

 

„Станува збор за вообичаен период потребен да се изврши обдукција и да се добијат резултат“, изјави малезискиот министер за здравство Субрананјам Саташивам пред новинарите како одговор на прашањето кога ќе бидат објавени наодите.

Малезиските власти им дадоа на најблиските роднини на жртвата Ким Џонг-нам две седмици да се јават за да помогнат во истрагата,

Северна Кореја настојуваше да ја спречи Малезија, барем самостојно да ја изврши обдукцијата, и бараше телото на најстариот син на покојниот водач Ким Џонг-ил да му биде предадено на Пјонгјанг.

Малезиското министерство за надворешни работи го повика севернокорејскиот амбасадор во понеделникот, поради неговите обвинувања за начинот на кој Малезија ја спроведува истрагата.

Министерството соопшти дека севернокорејскиот амбасадор Канг Чол е повикан за да ги „објасни обвинувањата коишто ги изрече против малезиската влада на прес-конференцијата на 17-ти февруари“. Се додава дека тогаш амбасадорот „инсистирал дека … малезиската влада ‘нешто крие’. Амбасадорот, исто така, ја обвини Малезија дека е во ‘заговор со галерија странски сили““, се додава.

Малезија, покрај тоа, го повикала својот амбасадор во Пјонгјанг поради „консултации“, соопшти министерството за надворешни работи.

Ким Џонг-нам почина на 13-ти февруари откако беше нападнат на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур, од каде што чекал лет за Макао каде што повеќе години живее се семејството.

Јужнокорејски и американски функционери тврдат дека е нападнат од севернокорејски агенти, и дека во нападот е користен отров со брзо делување.

Тројца од четворица државјани на Северна Кореја за кои малезиските власти се сомневаат дека се поврзани со нападот, наводно одлетале од Џакарта во Дубаи истата вечер кога е извршен смртоносниот напад. Тие се идентификувани како Ри Џае-нам, Хонг Сонг-хак и Ри Џи-хјон, соопшти портпаролот на индонезискиот оддел за имиграција за Reuters. Во неделата беше објавено дека е осомничен и четврти маж, но за него деталите не се објавени.

Малезиската полиција во неделата соопшти дека четворица Севернокорејци осомничени за убиството одлетале од Малезија по нападот од 13-ти февруари. Малезискиот дневен весник The Star објави дека тие требало да се вратат во Пјонгјанг, преку Џакарта, Дуба и Владивосток.

Според малезиските медиуми, полицијата во петокот вечерта по локално време во главниот град Куала Лумпур уапсила маж кој наводно е поврзан со убиството на Ким Џонг-нам, кој е на 47-годишна возраст. Во моментот на апсењето кај него е пронајден пасош на Северна Кореја, а сега се проверува неговата валидност. Се истакнува дека во пасошот на приведениот маж имало штембили дека повеќепати престојувал во Малезија. Полицијата прецизира во соопштение дека осомничениот е идентификуван како Ри Џонг-чол, роден на 6-ти мај 1970 година. „Осомничениот е вмешан во убиството на северноорејскиот маж“, беше наведено во соопштението.

Покрај тоа, весникот China Press пишува дека полицијата распространила до сите полициски станици фотографии на четворица мажи, осомничени за убиството, по кои е распишана потерница.

Претходно беше објавено дека полицијата уапсила две жени за убиството на Ким Џонг-нам, кој некогаш беше сметан за можен лидер на Северна Кореја, 29-годишна државјанка на Виетнам и 25-годишна државјанка на Индонезија, а потоа и 26-годишен државјанин на Малезија, кој бил во врска со Индонезијката./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Европа8 часа

(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост. На снимката објавена од Ватикан се гледа...

Свет8 часа

(Видео) Какви беа последните денови на папата Франциско: „Изгледаше како да се збогува“

Во понеделникот точно напладне црковните ѕвона ширум Италија одекнаа во жалост. Почина папата Франциско. Не поминаа ни 24 часа откако...

Свет8 часа

Верниците ширум светот го оплакуваат папата

Членовите на Католичката црква, која има 1,4 милијарди верници, денеска тагуваат за смртта на 88-годишниот папа Франциско, фалејќи го како...

Европа8 часа

„Гробот нека биде едноставен, без украси, на плочата нека стои еден збор“: Ватикан го објави тестаментот на Папата

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо...

Европа8 часа

Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со...

Европа14 часа

Шок и солзи во Ватикан: „Големиот папа нè напушти, уриваше бариери“

„Почина голем папа“, вели Фабио Малвеси, сè уште видно шокиран, како и многумина од верниците и туристите кои се собраа...

Македонија17 часа

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, на Светол Понеделник, 21 април 2025 година упати писмо до сите...

Европа19 часа

Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“

Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот...

Македонија19 часа

СДСМ бара оставка од Љутков „за хаосот во културата“

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници...

Европа19 часа

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

По смртта на папата Франциско во понеделникот, во Ватикан настапи седисваканција – период без папа. Терминот седисваканција доаѓа од латинскиот...

Европа20 часа

Почина папата Франциско

Папата Франциско почина утринава на 89-годишна возраст, соопшти Ватикан. „Утринава во 7:35 часот, бискупот римски Франциско се врати во домот...

Македонија21 час

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16...

Македонија21 час

„Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Венко Филипче и Зоран Заев мудро молчат и немаат аргументи да реагираат, ниту пак ги демантираат нашите дилеми. Помина...

Европа22 часа

Предупредување за воздушни напади во Украина неколку часа по завршувањето на велигденскиот прекин на огнот

Ширум Украина рано утринава тревога за воздушни напади, само неколку часа по истекот на „велигденскиот прекин на огнот“. Украинските воздухопловни...

Свет22 часа

Кина: Цврсто ќе се спротивставиме на секој што ќе постигне договор на штета на Кина

Кина ги почитува сите страни кои ги решаваат економските и трговските спорови со САД преку консултации на еднаква основа, но...

Свет22 часа

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти договор меѓу Русија и Украина ќе биде постигнат во неделата што...

Европа22 часа

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија во неделата дека го прекршила велигденскиот прекин на огнот повеќе од 2.000 пати,...

Македонија1 ден

Гаши демантира дека ја напушта коалицијата Вреди, останува лојален на гласачите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на Фејсбук ги демантираше информациите што се појавија во некои медиуми дека ја...

Скопје2 дена

Пет лица се повредени во сообраќајката кај „Градска болница“

Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во центарот на Скопје,...