Македонија
Ахмети закажа Централно претседателство на ДУИ попладнево

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети закажа состанок на Централното претседателство за попладне од 17.30 часот, на кое се очекува да се разговора за преговорите со СДСМ, за пакетот кој е дел од преговорите и за деталите од синоќешната средба меѓу Ахмети и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Во меѓувреме, преговарачките тимови од двете партии заедно со експерти работат на отворените прашања во нацрт законот за албанскиот јазик.
„На средбата не раговаравме за потписи, туку за разликите кои ги имаме со СДСМ. Наскоро ќе свикам централно претседателство на коешто ќе биде донесена одлука дали ќе ги дадеме потписите на СДСМ за составување нова влада“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети алудирајќи на потписите со кои ќе се докаже дека обезбедил поддршка од мнозинството пратеници коишто челникот на социјалдемократите Зоран Заев треба да ги достави до шефот на државата Ѓорге Иванов за да го добие мандатот за составување на нова влада повеќе од два месеца по завршувањето на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.
„Се работи за денови во прашање. На крајот одлуката ќе биде или ќе има потписи или ќе нема. Но, поприлично сме со доближени ставови да се изнајде конечно решение за тоа што се отворени прашања за кои се преговара“, рече Заев по средбата во вторникот.
Состанокот во Мала Речица доаѓа по синоќешната лидерска средба на Зоран Заев и Али Ахмети во седиштето на ДУИ, каде беа усогалсени најголем дел од разликите, но сепак остана дел отворени прашања./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.