Компании
Меѓународен саем на градежништво и RealExpo од 28 февруари до 4 март на Скопски саем
Четиринаесеттотот издание на Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и седмиот RealExpo – Меѓународен саем на недвижности, започнува од 28 февруари и ќе трае до 4 март.
На Саемот на градежништво ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти. Бројот на изложувачи и оваа година е голем, акомпаниите ќе бидат распоредени во три саемски хали.
Целта на Саемот на градежништво е да го задржи и промовира растот на оваа стопанска гранка и да им понуди на посетителите директен пристап до најдобрите компании кои функционираат во овој сектор. Воедно, саемот се очекува да привлече и голем број на експерти кои ќе ја имаат можноста да се запознаат со новите трендови во градежништвото, велат организаторите.
На Саемот за недвижнини – RealExpo ќе учествуваат голем број на компании кои ќе ги изложат своите понуди за станбени објекти. На овој саем посетителите ќе ја имаат можноста да разгледаат голем опус на станови како една од најважните животни одлуки.
За време на саемот, експерти од областа на енергетската ефикасност ќе ги презентираат мерките и придобивките од воведување на системи и методи за енергетска заштеда. Енергетската ефикасност полека станува значаен дел од градежната индустрија и заинтересираните граѓани за време на саемот ќе ја имаат можноста да се запознаат со најдобрите начини за заштеда на енергија во објектите.
На 3 март ќе се одржи и трибина на тема „Вредноста на македонската архитектура денес“ во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Скопски саем. На трибината ќе се разговара за вреднувањето на професијата архитект во Македонија, цените на проектирање по кои работат архитектите и нивото на квалитет при имплементација на проектите во градба. На трибината е планирано да говорат архитекти од пракса.
Промоцијата на енергетската ефикасност на Саемот на градежништво е поддржано од Швајцарската Амбасада во Република Македонија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME – Increasing Market Employability). Се работи за програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од водечкиот партнер Swisscontact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус.
Халк Банка специјално за време на саемите ќе го промовира новиот КОМФОРТ станбен кредит со најповолни услови на пазарот. Со овој кредит граѓаните ќе добијат 3,5% фиксна годишна каматна стапка за првите 3 години и 4,8% варијабилна каматна стапка за остатокот од периодот и можност за максимални 30 години рок на отплата. Дополнително со секоја апликација корисниците на овој станбен кредит добиваат електронско банкарство и мастер кард кредитна картичка без членарина за првата година.
Воедно, и Охридска банка Сосиете Женерал за посетителите на Саемот на градежништво 2017 креираше специјална понуда за Станбен кредит со фиксна каматна стапка до 2030 година со вклучено кредитно животно осигурување. Имено, лицата кои ќе го посетат Саемот на градежништво, добиваат ексклузивна можност да ги искористат придобивките и промотивните услови за станбен кредит од концептот ПЛАН ЗА СТАН, како: дополнително намалена каматна стапка од 3,60% за првите три години и 5,60% каматна стапка од четвртата до 2030 година, без трошоци за одобрување и трошоци за апликација. Овие промотивни услови за валидни за сите апликации до 30.04.2017, со приложување на промотивниот материјал кој клиентите можат да го добијат на штандот на Охридска банка Сосиете Женерал во рамките на Саемот на градежништво 2017.
Свеченото отворање на двете саемски манифестации е на 28.02.2017 во 11.00 часот во Метрополис Арена.
Цената на влезницата за посетители изнесува 80 денари, а за групна посета е 40 денари.
Работното време е од 10 до 19 часот. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)
Економија
Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година
Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година.
Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи од 3,3 милиони евра, а имаше најголем пласман во Полска. Одлични резултати имаше и од извозот на јагнешко месо во Бугарија, чија продажба донесе прилив од 2,2 милиони евра.
Дека свежото овошје и зеленчук се еден од домашните извозни адути покажа податокот според кој од вкупниот износ од 15,5 милиони евра, во минатата година беше реализиран извоз од 5 милиони евра. Преку мрежата на Лидл се извезени 15 вида од овие земјоделски култури, од преку десет добавувачи. Петте најизвезувани производи беа грозје, зелка, пиперка, моркови и домати, кои одлично поминаа во Бугарија, Германија, Романија, Полска, Словачка, Србија, Чешка и други земји. Во рамки на редовниот извоз од 7 милиони евра доминираа конзервираните производи, со остварени продажби во странство од 5,8 милиони евра, по што следуваат кондиторските, млечните производи, како и виното и пијалаците.
„Постои голем потенцијал за извоз на македонските производи. За нас во Лидл е успех што можеме да ги поддржиме и да бидеме мост за македонските производи кон европските пазари. Постојано соработуваме со производители од земјава и сме особено горди што на десетици компании можеме да им помогнеме во процесите на сертификација, зголемување и унапредување на капацитетите за производство и да овозможиме извоз на европските пазари“ изјави Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Северна Македонија.
Преку иницијативата „Македонска недела“, Лидл во претходните две години организираше 22 промоции во маркетите во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска, со понуда на над 70 македонски производи од 17 добавувачи и над 2.200 палети производи, правејќи ги многу повидливи и препознатливи за странските потрошувачи.
Лидл се позиционира како сериозен и значаен партнер на македонската економија, со мерливи резултати во извозот на домашни производи и конкретна поддршка на домашните компании. Со отворањето на маркети низ целата земја компанијата очекува зајакната соработка со домашните производители, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.
(ПР)

