Економија
Кучи: Обезбедени 1,4 милиони денари финансиска поддршка за ХАЛАЛ

Министерот за економија Дритон Кучи ги покани деловните субјекти да ги искористат парите наменети за поддршка на ХАЛАЛ системи обезбедени со буџет, на меѓународната конференција, организирана од Агенцијата за ХАЛАЛ стандард во Македонија.
Во рамки на конференцијата за потребите на интерните аудитори во компанииите кои спроведуваат ХАЛАЛ беше одржана и обука за ХАЛАЛ – Тајјиб производи.
Присутните го нагласија значењето на оваа конференција и на обуката одржана од страна на врвни меѓународни експерти, како од аспект на размена на искуства за можностите кои ги нуди воведувањето на ХАЛАЛ-системот, така и од аспект на подобрување на конкурентноста на компаниите и настап на нови пазари.
„Министерството за економија, препознавајќи го значењето од воведување на стандардите за квалитет за деловните субјекти, а со цел да обезбеди континуирана поддршка на економијата и компаниите, веќе петта година по ред ја реализира мерката – финансиска поддршка за ХАЛАЛ систем, во рамки на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво. Од крајот на 2013 година, откако ИВЗ основа сопствена Агенцијата за ХАЛАЛ стандард во Македонија, која е единствена надлежна институција за воведување и сертификација на овој стандард кај нас, Министерството за економија им ги кофинансираше трошоците на вкупно 25 компании, со вкупно 5 милиони денари буџетски средства, а пред тоа, додека сертификацијата ја вршеше Агенцијата за сертификација од Тузла, ХАЛАЛ стандардот го воведоа 11 компании од Македонија, а 4 беа во процес на сертификација“, истакна Кучи, упатувајќи покана до деловните субјекти да ги искористат средствата обезбедени во годинешниот буџет во вредност од 1,4 милиони денари за оваа намена.
На обуката беа обработени темите за процедура за сертифицирање на ХАЛАЛ – Тајјиб Стандардот, за ХАЛАЛ сертификацијата и меѓународното опкружување, критичните контролни точки и ХАЛАЛ системот за обезбедување, ХАЛАЛ сертификацијата од аспект на исламското право и ХАЛАЛ колењето на добиток.
Агенцијата за спроведување на ХАЛАЛ стандардот во Македонија додели 74 сертификати за интерните аудитори во компанииите кои спроведуваат ХАЛАЛ, кои присуствуваа на оваа денешната обука, како дел од конференцијата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.