Македонија
СЈО ги обжали одлуките за парични казни за Јанева и за Фетаи
Специјалното јавно обвинителство во понеделник поднесе жалби на изречените прични казни за Катица Јанева и за Фатиме Фетаи минатата недела, при судењето за случајот „Пуч“, кога беа казнети со 4.000 евра заради непочитување на судот.
„Денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесени се жалби против одлуката на Судот со која на мене и на јавниот обвинител Фатиме Фетаи ни беа изречени парични казни. Сметаме дека одлуката е незаконска, поради што го искористивме правото на жалба“, се вели во изјавата на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Воедно, од СЈО известија дека против судиите Александра Поп Стефанија и Лидија Петровска до Советот за утврдување на факти се поднесени иницијативи – претставки за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судската функција.
„Во оваа прилика сакаме да укажеме и на несоодветната соработка на Здружението на јавните обвинители на Република Македонија со ова Јавно обвинителство. Имено од страна на Здружението на јавни обвинители оневозможено е на Годишното собрание на Здружението да присуствуваат тројца претставници на ова Јавно обвинителство. Така, дописот со кој се известуваме за одржување на Собранието е од 13.02.2017 година, а е испратен преку препорачана пратка во пошта на ден 24.02.2017 година во 12:13 часот, иако самата седница на Годишното собрание е закажана токму за 24.02.2017 година со почеток во 12:30 часот“, соопштја од СЈО./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

