Македонија
На Пешевски не му пречи албанскиот јазик

На вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, не му пречи тоа што неговите колеги Албанци зборуваат на албански јазик, по прес-конференцијата која ја одржа заедно со министерката за локална самоуправа Ширет Елези која пред новинарите се обрати на албански јазик, а потоа и на македонски.
Откако во среда попладне претседателот Ѓорге Иванов не му го додели мандатот на лидерот на опозицијата Зоран Заев поради тоа, како што рече, преговарал за албанската платформа, Албанците во земјава го обвинија Иванов дека води антиалбанска политика.
Меѓутоа, кога станува збор за обраќање пред јавноста, министрите и градоначалниците на ДУИ одамна се обраќаат на албански јазик, а подоцна сами го кажуваат истото на македонски јазик.
По обраќањето на министерката Ширет Елези, вицепремиерот Пешевски беше прашан од новинарите дали му пречи тоа што неговата колешка се обрати на албански јазик, а тој рече дека прашањето е провокација и дека нема да го одговори, но, сепак, рече дека него лично не му пречи тоа што колегите се обраќаат на албански јазик./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски по втор пат неделава се кити со туѓи перја, очекуваме да го пушти во употреба „Мој ДДВ“, велат од СДСМ

Мицкоски очигледно не може да се помири со туѓите успеси. По втор пат неделава се кити со туѓи перја. Откако пред два дена ја најави, денеска се фали со пуштање во употреба на канадската компанија „Магна Мехатроникс“, претставувајќи ја како негова придобивка и како „нова странска инвестиција“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, ДПМНЕ и Мицкоски треба да знаат дека информациите за оваа компанија се јавно достапни, а и граѓаните памтат.
Штипјани, како што додаваат, знаат дека оваа фабрика беше најавена уште во мај 2023 година од тогашниот премиер Димитар Ковачевски и Владата на СДСМ.
„Премиере Мицкоски не ви доликува на функцијата да се фалите дека и оваа странска инвестиција е резутат на вашите политики. Оваа кандска компанија е резултат на позитивните економски политики што ги водеше Владата на СДСМ и кои резултираа со подобрување на бизнис климата, отворање на нови странски инвестиции и нови работни работни места.
Ова не е ништо друго освен потврда на неспособност и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ за водење економски политики и привлекување на странски иневстиции. Речиси една година Владата на Мицкоски нема донесено ниту една значајна странска инвестиција, а економијата стагнира. Единственото што ДПМНЕ го прави е сечење ленти на веќе реализирани проекти од претходната влада“.
Наместо да промовираат веќе промовирани инвестиции и да се служат со ефтин ПР, ДПМНЕ и Мицкоски сугерираат од СДСМ, треба да се соочат со реалноста и да погледнат што се случува во државата. Економијата, според нив, ни од далеку не расте, а животниот стандард на граѓаните го допре дното.
Македонија
Гаши на Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот: Секој поединец, без разлика на различностите, има свој единствен свет

На Светскиот ден за подигање на свесноста за аутизмот – 2 Април, претседателот на Собранието, Африм Гаши, во својот кабинет пречека група деца, родители, наставници и претставници на разни здруженија, на кои им упати порака дека вакви средби се од непроценливо значење во градењето општество со еднакви можности за сите.
Вакви средби, рече Гаши, поттикнуваат на слушање и на учење, а пред сè ја истакнуваат важноста на прифаќањето и почитувањето на различностите.
„Секое дете што беше меѓу нас денес ни покажа дека секој поединец, без разлика на различностите, има свој единствен свет, свои бои, бесконечен потенцијал и душа што заслужува шанса да лета. Овој настан, покрај незаборавниот момент, е и можност за изградба на почувствително и обединето општество за оние што нè потсетуваат дека убавината на животот лежи во богатството на нашите различности“, истакна Гаши.
Гаши со внимание ги слушаше грижите и предизвиците на родителите и наставниците ветувајќи дека, во рамките на своите можности, ќе преземе сè што е потребно за подобрување за подигнување на стандардите за животниот стандард на лицата со аутизам.
Тој нагласи дека Собранието, со ангажираност и почит, останува отворено за слушање и подобро разбирање на потребите и потенцијалот на лицата со аутизам.
Македонија
Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и од Грција

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјата, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден во Шведска. Во согласност со протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор.
Во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и во Литванија се хоспитализирани по 3 пациенти, во Италија и воПолска по еден пациент.
Во Скопје на Клиниката за токсикологија вчера беше хоспитализиран пациент по враќањето од Полска, тој денеска се пушта на домашно лекување.
На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца пациенти, а на хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ има 6 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 5 пациенти, од кои еден е планирано да биде пуштен на домашно лекување, на Клиниката за пулмологија двајца пациенти, а во приватната болница „Систина“ се хоспитализирани тројца пациенти.
Министерството за здравство внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани, велат од Министерството.