Регион
Русија го разгледува барањето на Црна Гора за помош во истрагата за обид за државен удар
Руското обвинителство го разгледува барањето на Црна Гора за помош во истрагата за наводниот обид за државен удар во текот на парламентарни избори ланскиот октомври, објави руската новинска агенција ТАСС.
Специјалниот црногорски обвинител Миливоје Катниќ изјави дека руски „државни институции“ биле вмешани во наводен заговор со цел да биде убиен тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ, да направат преврат и побарал руската држава да учествува во истрагата.
Рускиот државјанин Едуард Шишмаков и Владимир Попов, се осомничени за организирање терористички активности во Црна Гора и создавање криминална организација, се наводно агенти на руската воена разузнавачка служба ГРУ, тврдат британските, американските и разузнавачки служби на други земји, пишуваа во неделата медиумите во Подгорица, а ги обвинуваат за наводна задача да ја дестабилизираат Црна Гора и ја одвратат од нејзиното членство во НАТО.
Кремљ ги отфрли обвинувањата од Катниќ како бесмислени, но Москва се согласи да го разгледа неговото барање.
„Канцеларијата на јавниот обвинител на Руската Федерација го разгледува барањето на црногорските власти за давање меѓународна правна помош во врска со истрагата за тие настани“, го цитира ТАСС соопштението на обвинителството.
Специјалното државно обвинителство на Црна Гора води постапка против 26 лица, а подигнувањето на обвинението го најави за 15-ти април. Исто така, најавено дека на двајцата руски агенти ќе им се суди во отсуство, доколку од почетокот на судењето не бидат достапни за правосудството.
Црногорските опозициски партии, пак, го обвинија Ѓукановиќ и неговите сојузници дека го фабрикувале заговорот со цел да се задржат на власт, имајќи предвид дека резултатите од изборите беа многу тесни.
Црногорското правосудство претходно објави дека руските националисти се главните организатори за обид за терористички напади на денот на парламентарните избори на 16-ти октомври кога е уапсена група осомничени дека на подрачјето на Црна Гора во текот на денот и изборната ноќ планирале да изведат низа терористички акции да предизвикаат хаос во државата па дури и да го ликвидираат челникот Мило Ѓукановиќ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална
Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од фасадата паѓаат, а загрепските пожарникари цела ноќ се борат со пожарот. Се проценува дека ќе биде потребен цел ден за да се изгасне.
93 пожарникари со 30 возила го гаснат пожарот
„Штетата е голема. Иако поголемиот дел од зградата беше напуштен, собите внатре се полни со опрема и документи. Пријавата ја добивме околу 23 часот. Интересно е што имаше само една пријава од граѓанин. Нормално, секогаш добиваме многу пријави за големи пожари.
Штом видовме отворен пламен, веднаш побаравме дополнителна интервенција. Опасно е бидејќи, кога екипите почнаа да се качуваат и да го гаснат пожарот, видовме дека пожарот почнал да се појавува на долните катови, дури и на приземјето, што значи дека се ширел низ вентилацијата“, рече Синиша Џембрих, командант на Јавната противпожарна служба на Град Загреб.
„Сите пожарникари на Град Загреб беа на овој пожар. Се претпоставува дека ќе го ставиме пожарот под контрола во текот на денот. Но, ќе биде потребно време“, додаде тој.
фото: принтскрин
Регион
Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува
Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што голем број пожарникари и опрема беа вклучени во неговото гаснење.
Сцените се ужасни, а градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, исто така, дојде кај зградата утрово.
„Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси одвнатре и однадвор. Причината е непозната, постојат некои сомневања, но истрагата на лице место ќе го утврди тоа. За жал, штетата е целосна. Мнозински сопственик на зградата е државата, градежните инженери ќе треба да видат дали објектот е за рушење или ќе се обнови“, рече Томашевиќ.
Засега нема опасност од уривање, додаде тој. „Најважно е што нема жртви и безбедноста на пожарникарите е најважна“, додаде тој.
фото: принтскрин
Регион
Хрватски министер за пожарот во облакодерот: „Не знаеме која е причината“
Во близина на облакодерот „Вјесник“ во Загреб, кој гори повеќе од шест часа, се најде и хрватскиот министер за градежништво Бранко Бачиќ, но, како што објави Индекс.хр, тој не бил расположен да даде изјава, а на новинарот му кажал само дека за пожарот знае само она што досега е познато.
„Сè уште не знаеме што го предизвикало пожарот“, рече Бачиќ.
Кратко пред полноќ, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а бидејќи се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што голем број пожарникари и опрема беа вклучени во неговото гаснење. Според моменталните информации, во моментот на пожарот немало никој во зградата.
93 пожарникари со 30 возила го гаснат пожарот.
„Пожарот е сè уште активен и се шири низ конструктивните отвори. Поради зголемената опасност, пожарникарите се повлечени од внатрешната. Сите станици се испразнети и се пополнуваат со резервни сили“, соопшти Јавната противпожарна служба на Град Загреб.
фото: принтскрин

