Регион
Унгарија гради нова понапредна ограда на јужната граница

На јужната унгарска граница со Србија почнува да се надѕира новата обесхрабрувачка ограда, опремена со елекрошокери за несаканите мигранти, термички сензори, камери, како и звучници од кои ќе се објавуваат пораки на неколку јазици.
Унгарија на врвот од мигрантската криза во 2015 година беше главната рута за стотиците илјади мигранти кои тргнаа од Блискиот исток и Азија кон западна Европа. Набрзо тамошните власти подигнаа бодликава жица и донесоа построги нови закони, и ги намалија доаѓањата на бегалците на минимум за што беа остро критикувани од Брисел, но Будимпешта не сака повеќе да ризикува.
„Внимание, внимание! Ве предупредуваме дека сте на унгарската граница“, ќе се слуша од звучниците на новата бариера, на англиски, арапски и персиски јазик.
„Доколку ја оштетите оградата, илегално ја минете или се обидете да го сторите тоа, тоа во Унгарија ќе се смета за прекршок. Ве предупредуваме да не го сторите тоа злосторство. Своето барање за азил можете да го предадете во транзитната зона“, се додава во звучната порака која ќе ја емитуваат звучниците поставени на новата ограда.
Тие транзитни зони се два пункта на границата каде што е легално влегувањето за само 10 мигранти дневно. Здруженијата за човекови права тврдат дека тие се сосема неадекватни, дури и потенцијално илегални, бидејќи создаваат застои.
Новата осветлена и челична ограда секого што ќе ја допре ќе го погоди со електрошок за кој изворите тврдат дека е благ. Меѓу новата и старата ограда на границата ќе патролира полицијата.
Засега се довршени само 10 километри од новата бариера, но функционерите тврдат дека остатокот од околу 140 километри на границата со Србија ќе биде довршен за само два месеца, како и дека на нејзиното подигнување се ангажирани претежно околу 700 затвореници. Унгарската влада за оваа цел издвоила околу 123 милиони евра./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Локални избори во Заечар и Косјериќ

Денеска во Заечар и Косјериќ се одржуваат редовни локални избори, на кои се избираат советници во општинските совети на овие две локални самоуправи. Гласачките места се отворија утрово во 7:00 часот, а се затворија во 20:00 часот.
Осум изборни листи учествуваат на изборите во Заечар и три во Косјериќ. Изборниот молк ќе трае до затворањето на гласачките места.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека нарушувањето на изборите е кривично дело и дека полицијата ќе реагира.
– Полицијата мора да си ја врши својата работа. Во кривичниот законик постои кривично дело попречување на избори. Доколку некој крши гласачки кутии или им попречува на луѓето да гласаат, тоа нема да биде дозволено – рече Дачиќ.
Општина Косјериќ има околу 10.000 жители, а право на глас имаат 8.897 гласачи.
Според податоците на Градската изборна комисија, вкупниот број на гласачи на територијата на Заечар е 47.357.
Прелиминарните резултати се очекуваат вечерва.
Регион
(Фото) Поскапо отколку на Ибица: лежалка на Јадранското море чини 1.300 евра на ден

Цените во хрватските туристички центри се зголемуваат од година во година, а се чини дека оваа сезона трката за профит започна порано од кога било. Од кафе кое чини пет евра, лежалки кои се изнајмуваат поскапо од ноќевање во соба, до порции риба кои достигнуваат цени како и во луксузните ресторани во европските метрополи – сето ова веќе ги загрижува и домашните и странските гости на Јадранското Море, пишува Блиц.
Едно е сигурно – сезоната сè уште не е ни започната, а за цените се зборува како да сме веќе во средината на август. Ова го потврдува и последната објава на Reddit, каде што еден корисник објави фотографија од ценовник од кафуле на плажа во Сплит.
„Можеби ценовникот е поставен на 100 метри од барот на плажата, но барот е во сенка (Жњан, Сплит)“, напиша тој во објавата со фотографијата и додаде: „Добредојдовте на Ибица“, алудирајќи на високите цени.
Цената за изнајмување лежалки се движи од 35 до 1.300 евра!
Možda je cjenik stavljen 100m dalje od beach bara, ali je bar u ladovini (Žnjan, Split)
byu/MantisTobogan_dr incroatia
Во коментарите, корисник ги спореди цените во популарно одморалиште во Шпанија, Ибица и Сплит. Според податоците од веб-страницата Numbeo, Сплит е поскап, барем кога станува збор за туристичките објекти. Авторот на објавата одговори на тоа:
„О, ужас! Сè уште му се потсмевам, а дури е поскап од Ибица“.
Многумина се прашуваат каков туристички бран нè очекува кога, веќе во предсезоната, цените на сместувањето, кафето или порциите лигњи достигнаа нивоа што до вчера беа резервирани за најскапите европски дестинации.
Регион
Силен земјотрес ја погоди Света Гора, почувствуван на Халкидики и во Солун

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени е регистриран попладнево во морската област на Света Гора.
Според Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот на потресот бил на 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.
Како што јавуваат грчките медиуми, силниот земјотрес го потресе целиот регион Халкидики, како и градот Солун. Бил почувствуван и на крајбрежните области на Кавала и Тасос.