Македонија
Повик до наставничките: Откажете се од подарокот, помогнете некому!

Учителките, наставничките, вработените во градинките и другите жени да се откажат од подароците што децата им ги носат за 8 март и парите што ги планираат за оваа намена да ги донираат некому.
Ваква иницијатива покрена Здружението Клик акција- Скопје, здружение за поддршка и промоција на граѓански активизам.
Истовремено, ги покануваат компаниите кои имаат намера да купуваат подароци за вработените жени за 8 март, парите да ги пренаменат во добротворни цели.
„Сметаме дека ова е иницијатива која е многу потребна во овие моменти. Преку неа, наставниот кадар преку сопствен пример ќе им покаже на децата како да бидат хумани и солидарни со маката на другите. Можат да одржат и хуман час, да дискутираат за вакви и слични иницијативи. Веќе имаме училишта кои се приклучија кон оваа благородна цел“, велат од Клик акција.
Замислата е секое одделение да донира на некој од отворените броеви за донации или на жиро сметка, да ја слика уплатницата и да ја закачи на Фејсбук, на настанот специјално креиран за оваа намена. Така на едно место ќе се има информација за сите кои се приклучуваат и ќе се шири кругот на хуманост.
Оние кои сакаат да останат анонимни, можат да го избришаат полето „уплатувач“ и да остават само кому е наменета донацијата
Акцијата почна од вчера, а веќе ја има првата донација – уплата на сметката на Биле од Кратово, девојче оперирано од рак. Еве го линкот https://www.facebook.com/events/475541796169168/ крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието.
Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието.
Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Македонија
Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ.
Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.
„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?
Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.
За тоа мора да има одговорност“, додаваат од оваа партија.
Македонија
Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекле 1 парична казна и донеле 5 решенија со наредба за нивно отстранување.