Македонија
Нема притвор за Сеад Кочан и за Василие Авировиќ
Судии на претходна постапка одлучија Сеад Кочан и Василие Авировиќ да не бидат претворени, туку за Авировиќ изрече мерки за претпазливост Забрана за воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и мерка Забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Од Основниот суд Скопје 1, во петок известија дека постапувајќи по предлози на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), пред судии на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје вчера беа повикани двете лица, за кои се однесуваат предлозите за определување мерка притвор, да се признесат во однос на предлозите во присуство на Јавен обвинител од СЈО и овластен правен застапник.
Во одонос на лицето С.К. по разгледвуање и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор, судијата на претходна постапка донесе решение со кое го одби предлогот на СЈО. На ова решение странките имаат право на жалба во рок од 24 часа.
„Во однос на лицето В.А. Јавниот обвинител од СЈО пред судија на претходна постапка го повлече предлогот за определување мерка притвор и предложи определување мерки за претпазливост од член 146 став 1 точка 6 и точка 7 од ЗКП што по разгледување и ценење од страна на судијата на претходна постапка беше уважен и со решение определени се мерки – Забрана за воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и мерка Забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело. Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од три дена“, се додава во соопштението од суд.
Имено, СЈО покрена нова истрага со назив „Труст“ со која се открива како со фалсификат документација конзорциум добил јавна набавка вредна повеќе од 17.200.000 евра, а осомничени се управителот на Трансмет, второ осомничен е поранешниот управител на Силекс неметали и управителот на „Ваго доо“ – Студеничани кои склучиле договор со ЕЛЕМ за ископ на јаглен од Суводол./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Колони возила чекаат влез во Македонија преку „Дојран“, „Богородица“ е затворен
Колони возила чекаат на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Ники“ (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
Според најновата информација од АМСМ, сообраќајот на ГП „Богородица“ (ГП Евзони) од 15 часот е нормализиран во двата правци.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.
Македонија
СДСМ: Мицко, малиот Вучко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“
Имаме и ние „Ќаци“ препишувачи. Ова безидејно ДПМНЕ целосно го копира Вучиќ, реагираат од СДСМ, на изјавата на Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ објавува соопштение дека Никола Груевски од Будимпешта ги води и им пишува што да кажат, праќа денеска соопштение ДПМНЕ „Заев од Дубаи“ ги пишува текстовите на СДСМ. Вчера СДСМ објави соопштение со наслов „Децата на Орбан“, ВМРО-ДПМНЕ излегува со соопштение „Децата на Заев“. СДСМ објавува соопштение „кога крадецот вели држете го крадецот!“. Томовски се јавува и ги употребува истите зборови „крадецот вели држете го крадецот“. Она што на сите им е одамна познато е дека Мицко, малиот Вучко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“. Ама во ВМРО-ДПМНЕ очигледно не ја разбрале добро улогата на Светите Кирил и Методиј и нивните школи, како ни улогата на Климент Охридски. Тие се поблиски до препишувачката Ресавската школа. Бадијала им е на македонските „Ќаци“ препушувачи, граѓаните знаат и гледаат. Криминалот е на виделина. Сите ќе одговарате од прв до последен“, пишува во реакцијата.
Македонија
Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар.
„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.

