Вести
Портпаролот на Обама го негира тврдењето на Трамп дека овој наредил негово следење
Поранешниот американски претседател Барак Обама не наредил следење и прислушување на ниеден американски државјанин, тврдеше во саботата неговиот портпарол, отфрлајќи ги обвинувањата од актуелниот претседател републиканецот Доналд Трамп дека неговиот претходник од Демократската партија го наредил неговото прислушување во последната фаза од ноемвриските избори.
„Ниту претседателот Барак Обама ниту кој и да е друг функционер на Белата куќа никогаш не наредиле следење на кој и да е американски државјанин“, изјави Кевин Луис, портпарол на 44-от американски претседател во кусото соопштение за медиумите.
„Ужасно! Само што дознав дека Обама водел ‘прислушување’ во Trump Tower, непосредно пред победата“ на претседателските избори на 8-ми ноември 2016 година се истакнува во постот на претседателот Доналд Трамп на Twitter во рано утринската по американско време серија твитови. .
„Колку ниско само паднал претседателот Обама кога ги озвучил моите телефони во текот на светиот изборен процес. Тоа претставува Никсон/Вотергејт. Лошо (или болно) момче!“, додава Трамп на Twitter.
Трамп до изразот алудира на големиот скандал „Вотергејт“, кога во 1972 година, за времето на претседателската кампања во централниот штаб на Демократската партија во истоимениот комплекс, биле уапсени провалници кои се обиделе да инсталираат прислушни уреди. Истрагата во врска со тоа доведе до голем политички скандал, кој заврши со предвременото заминување од власта на тогашниот американски претседател Ричард Никсон во 1974 година.
„Тоа е макартизам“, додаде Доналд Трамп, алудирајќи на прогонот на комунистичките активисти и симпатизери во САД во 1950-те години.
Овие напади врз Обама доаѓаат откако на удар од демократите е Трамп поради контактите меѓу неговите блиски соработници со рускиот амбасадор во Вашингтон за време на кампањата и во текот на трансферот на власта./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.