Вести
Новиот указ на Трамп за имиграцијата се очекува во понеделник
Американскиот претседател Доналд Трамо би требало во понеделник да ја потпише новата верзија на указот за имиграните чијашто прва верзија е суспендираната со судска одлука, а предизвика и големи критики, дознава Politico.
Претседателот ќе го потпише новиот указ во министерството за внатрешна безбедност, додава Politico, повикувајќи се на високи владини функционери. Не е познато кои измени се внесени во новиот текст.
На 27-ми јануари претседателот Доналд Трамп го потпиша извршниот указ 13769 „За заштита на земјата од влез на странски терористи“, со кој во рок од 90 дена се суспендира издавање визи за државјаните на седум муслимански држави: Иран, Ирак, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан. Указот, исто така, и им наложува на Стејт департментот и на Министерството за национална безбедност да го суспендираат распоредувањето на бегалците по сојузните држави на 120 дена, како и на неодреден рок се суспендира прифаќањето бегалци од Сирија. Исто така, значително е намалена квотата за прифаќање на барателите на азил во САД во фискалната 2017 година, која таму започнува во октомври 2016 година, на не повеќе од 50.000, од претходно планираните 110.000.
Сојузниот судија од Сиетл, Џејмс Робарт на 3-ти февруари го блокираше овој указ на Трамп со што тој не важеше на целата територија на САД. Потоа на 5-ти февруари, Окружниот апелационен суд во Сиетл одби, на барање на американското министерство за правосудство, да донесе итна мерка со којашто ќе биде суспендирана одлуката на федералниот судија Робарт, а којашто се однесува на целата територија на САД за привремено поништување на привремениот извршен указ на претседателот Трамп. Овој апелациониот суд го установил рокот за министерството за правосудство за одговор на тужителот кој истекува за приговорот на тужениот. Тој требало да биде даден до понеделник.
Потоа на 9-ти февруари Сојузниот апелационен суд на САД во Сан Франциско едногласно го поддржа суспендирањето на извршниот указ на претседателот Доналд Трап за привремена забрана за влегувањето на американска територија на државјани од седум мнозински муслимански земји, иако во неговата уредба не се споменува зборот ислам./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.