Црна хроника
Во два пожара изгоре старец, а со изгореници се здоби жена
Во пожар што настанал во стан во Крива Паланка со изгореници се здобила сопственичката, а во пожар на покрив во Свети Николе изгоре старец.
Имено, во неделата, во 13.40 часот во полициската станица во Крива Паланка било пријавено дека на ул. „Моша Пијаде“ во колективна станбена зграда настанал пожар на терасата од станот сопственост на Љ.Н. (69). Во 14.55 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка пожарот е изгаснат.
Од извршениот увид утврдено е дека Н.Н.(59), сопруга на Љ.Н., кога се обидела да го запали шпоретот кој бил поврзан со плинска боца, во еден момент дошло до пламен, од кој била зафатена во пределот на нозете, рацете и главата. Истата била пренесена во ЈЗУ Крива Паланка, каде и се констатирани изгореници од втор степен и е задржана на лекување. Материјалната штета дополнително ќе се утврдува.
По извршен увид на местото на настанат пожар во кој изгоре старец, од страна на Јавен обвинител во содејство со стручни лица од МВР и екипа од полициска станица Свети Николе, констатирано е дека пожарот настанал поради неисправна електрична инсталација на кровната конструкција, при што од чадот и паѓањето на кровот бил зафатен и делумно изгорен Т.М. (80), кој во моментот живеел во куќата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
57-годишен охриѓанец се оддалечил од семејниот дом
Вчера во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека претходниот ден од семејниот дом се оддалечил З.Т.(57) од Охрид.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Кривична за кичевец: градел објект за малостопанство, без одобрение за градба, употребил и лажен елаборат
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.Л.(57) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „употреба на исправа со невистината содржина“.
Тој, во својство на инвеститор, без одобрене за градење извршил доградба на објект за малостопанство, а потоа со намера да создаде привид на законитост на објектот употребил елаборат од 2018 година со невистинити податоци.
На тој начин пред надлежните институции прикажал неточни факти за локација, површина и категоризација на објектот.
Црна хроника
Просветен инспектор вршел психичко насилство врз наставничка во училиште во Муртино
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка во училиштето на тој начин што ѝ вршел притисок да напише изјава како што тој сакал, а откако напишала изјава која не била според неговите насоки, одбил да ја прими и ја фрлил во ходникот.

