Македонија
За еко дозволи за индустријата се воведуваат построги критериуми

Построги критериуми за добивање еко дозволи се предвидуваат со новиот закон за заштита од индустриски емисии подготвен од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во новиот закон за заштита од индустриски емисии целосно е инкорпорирана ЕУ директивата за индустриски емисии, а се воведуваат и построги критериуми за компаниите.
„Во некои индустриски сектори ќе има големи промени во однос на тоа колку строги ќе бидат максимално дозволените количини на емисии. На пример во енергетскиот сектор ќе имаме построги максимално дозволени количини на емисии“, рече советникот во министерството за животна средина Беса Татеши, во понеделник на пресконференција во Стопанската комора.
Не се очекува трошоците за индустриските капацитети и за државата при имплементацијата на новиот закон да бидат големи бидејќи, затоа што, во постојниот закон веќе е транспонирана претходницата на оваа ЕУ директива.
„Ќе треба да се направат одредени инвестиции со цел да се почитуваат построгите правила коишто ги наложува оваа директива. Инвестициите ќе бидат за технички документи и за извештајот којшто мора да го прават индустриските капацитети, а од страна на администрацијата, трошоците ќе се сведат само на ажурирање на дозволите коишто треба да бидат во согласност со директивата“, појасни постојаниот твиниг советник при Австриската агенција за екологија Клеменс Конрад.
Нацртзаконот ќе биде презентиран на 14 март во Стопанската комора на Македонија каде сите заинтересирани страни ќе може да се информираат за новините што ги носи ова законско решение. Се очекува новиот закон да стапи во сила 2018 година.
Досега според постојниот закон се издадени вкупно 320 интегрирани еколошки дозволи од кои 120 се А дозволи за големите компании и 200 Б дозволи за помалите компании. Во процедура се уште 22 23 апликации.
А интегрираните дозволи ги издава Министерството за животна средина и просторно планирање, а Б дозволите ги издаваат општините./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.