Вести
Ирачките сили ги заземаа владините згради и музејот во Мосул
Ирачките сили кои од ланскиот октомври се обидуваат да ги истиснат борците на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава од вториот по големина град во земјата Мосул, во вторникот ја заземале главната владина зграда, филијалата на централната банка и музејот во кој милитантите пред три години ги искршија експонатите или ги препродаваа на црните пазари.
Владините згради се уништени и Исламската држава не ги користела, но нивното заземање се доживува како симболична порака во битката за последното големо упориште на џихадститие во Ирак.
Елитните ирачки антитерористички сили изминатата ноќта упаднале во зградата на регионалната управа и владин комплекс, а ја заземале и зградата во која бил главниот суд на Исламската држава, познат по екстремното казнување, вклучувајќи каменувања, фрлање луѓе од покриви и отсекувања раце.
Џихадиистите ја ограбија филијалата на ирачката централна банка кога во летото 2014 година го освоија Мосул и го снимија уништувањето на уметничките дела и древните артефакти во градскиот музеј.
Трговијата со антиквитети ограбени од областите под нивна контрола, од историското наоѓалиште Палмира во Сирија до Нинева во Ирак, беше еден од главните извори за финансирање на џихадистите.
Последните воени успеси им го отвораат патот на ирачките сили да ги нападната милитантите во стариот дел од Мосул, што ќе биде најсложената фаза во петмесечната офанзива поради густата населеност и тесните улици.
Токму во тамошната џамија Нури во старото градско јадро, челникот на Исламската држава, Ирачанецот поранешен затвореник во Гвантанамо, Абу Бакр ал-Багдади во јули 2014 година го прогласи ткн „калифат“ на тогаш големите територии кои џихадистите ги заземаа во Ирак и во соседна Сирија.
Стариот град лежи на западниот брег на реката Тигрис која го дели Моусл на два дела, Хуманитарните организации проценуваат дека околу 750.000 живеле во западен Мосул живееле во западен Мосул кога на 19-ти започна офанзива на тој дел од градот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.