Регион
Коцијас: Во земјите од Западен Балкан мора да функционираат основните демократски процеси
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коцијас по вчерашниот Совет за надворешни работи на ЕУ изјави дека кусо се разговарало за прашањето со мигрантите, но имало „длабока дискусија за кризата на Западен Балкан за која неговите колеги изразиле загриженост за случувањата, особено во Албанија и Македонија“.
„Подвлековме дека прашањето има врска со фактот дека многумина ја гледаат ЕУ како извор на финансирање, или како перспектива за учество во центар на моќ. Истакнавме дека мора да се сфати оти ЕУ е систем со вредности и демократска перспектива, и дека демократијата бара секој да има култура, како што ја нарекуваме, на компромис и консензус“, изјави Коцијас, додавајќи дека „во земјите северно од Грција не смее да не функционира основен демократски процес“.
„Јас, исто така, ги повикав сите кои се околу земјите што имаат криза во Западен Балкан да внимаваат и да молчат за домашните работи на овие земји, како што правиме ние: во текот на изминатите две години, јавно не сме изразиле ниту едно мислење за развојот на нивните домашни настани“, изјави Коцијас, прецизирајќи дека загриженоста за земјите од Западен Балкан во ЕУ се манифестира на различни начини.
„Некои мислат ако им ги олесниме работите на овие земји, со поддршка или повлекување, на земјите повеќе ќе им се допаѓаме. Објаснив дека проблемот не е во тоа. Проблемот е во тоа што овие земји треба да сфатат дека мора да функционираат демократски, а тоа значи демократска перцепција во врска со опозицијата, во однос на малцинските ставови, па дури и националните малцинства“, рече шефот на грчката дипломатија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна.
Дачиќ беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија и е на респиратор.
Заменик-директорот за пулмологија Спасоје Попевиќ денес изјави дека неговата здравствена состојба останува сериозна, но дека ситуацијата е постабилна отколку во среда навечер.
„Тој е сè уште во сериозна здравствена состојба. Борбата продолжува, тој е на механичка вентилација и во овој момент успеавме да ја стабилизираме неговата состојба“, рече Попевиќ.
Тој додаде дека е прерано да се даваат какви било прогнози.
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е нешто подобра. Вучиќ ја даде изјавата од авионот, пренесува РТС.
Регион
(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е малку подобра. Вучиќ го објави ова од авионот, пренесува РТС.
„Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека неговата состојба е малку подобра. Верувам во него, а сега на пат кон Казахстан за одлични резултати за нашата Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
Тој додаде дека закрепнувањето на Дачиќ е во тек, но дека претпазливоста е сè уште неопходна.
„Секако, претпазливоста е сè уште неопходна и ништо не е сигурно, но е подобро, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат“, рече Вучиќ.
Регион
„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ
Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.
Заменик-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера вечер за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија и дека следните 72 часа ќе бидат клучни.
– Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, прима сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој респиратор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот – рече д-р Попевиќ.
Докторот прецизираше дека министерот Дачиќ е хоспитализиран во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија.
Попевиќ додаде дека засега не може да даде никаква прогноза.
– Прерано е, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори како да продолжиме. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент – рече Попевиќ.
Дачиќ вчера беше посетен и од српскиот претседател Александар Вучиќ и членови на владата.

