Забава
Словенците повеќе нема да варат кафе во ѓезвиња
Словенците кафето повеќе нема да го приготвуваат кафето во „ѓезве“ туку во „кавник“, доколку се прифати предлогот кој го добил Институтот за словенечки јазик, во рамките на својот повик до љубителите на јазикот да му испраќаат сугестии со коишто зачестените странски изрази да се заменат со домашни изрази.
Освен словенската замена за лончето во коешто на турски начин се вари кафе, а станува збор за турски збор од арапска етимологија која во словенечкиот јазик дојде преку Босна, љубителите на новите зборови предложија и замена за вентилатор, коишто, доколку таа иновација влезе во речникот би се викал „вртијатор“, пишува љубљанскиот дневен весник Dnevnik.
Во институтот за словенечки јазик „Фран Рамовш“ уверени се дека јазикот е жива материја и дека секој за тоа заедничко добро може да даде свој придонес и ги повикуваат љубителите на јазикот и натаму да им испраќаат своите предлози коишто еднаш можеби и е се одомаќат во јазикот, бидејќи луѓето ќе ги прифатат, пишува натаму Dnevnik.
Еден од татковците на денешната „словеншчина“ се смета Примож Трубар, протестантски реформатор од XVI век. Тој меѓу првите наместо стариот израз Крањци започнал да говори за Словенци, а ги печател и првите книги на словенечки јазик, но тие биле преполни со странски зборови и поими, па во своите списи народот го означувал како „фолк“, а јазикот „шпраха“ според германскиот јазик.
Од германизмите словенечкиот јазик почнал да се ослободува дури во XIX век, кога во него влегле многу прилагодени изрази од рускиот јазик, а помалку и од тогашниот хрватски.
За зборовите коишто „звучат“ на хрватски, а нормално се користеле во првата половина од XX век во печатот и службената комуникација, денес се смета дека се позајмени кои јазикословците ги нарекуваат „хрватизми“, и настојуваат да ги заменат.
Така на пример терминот „допринос“ (придонес, на македонски – з.р) во коректниот модерен словенечки стана „приспевек“, на место хрватското „оклијевати“ (колебање – двоумење) Словенците сега траба да кажат „омаховати“ и ред други изрази.
Сé уште колоквијално може да се употреби поздравот „добродошли“, бидејќи „добропришли“ доколку буквално биде преведен на словенечки, звучи неумесно. Сепак, како јазично покоректен израз се препорачува „поздрављени“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Тие едноставно одлучуваат да си одат: Три причини зошто мажите раскинуваат
Иако изгледа неверојатно, можно е да бидете во врска со маж кој ви ја покажува сета љубов и обожавање, само за еден ден да одлучи да се повлече.
Ваквите одлуки обично не се импулсивни, пред да одлучат да ја прекинат врската, мажот длабоко го анализира секој аспект од врската, честопати без да се консултира со партнерката.
Кога врската ќе достигне точка каде што мажот повеќе не чувствува иста поврзаност или сигурност, одлуката за нејзино прекинување може да биде неочекувана и за партнерката.
Разбирањето на причините што доведуваат до таква ситуација може да помогне во спречувањето на проблеми и подобрување на комуникацијата во врската.
Ова се трите најчести причини зошто мажот прекинува врска.
1. Физичкото отфрлање и чувството на занемарување ќе го оддалечат од вас
Интимноста е клучен дел од емоционалната поврзаност во врската. Ако жената постојано избегнува физичка интимност или наоѓа изговори за недостаток на интимност, мажот може да почне да се чувствува отфрлен. Ова создава чувство на инфериорност и покренува прашања за приоритетите во врската.
2. Контролата го задушува и го одбива, не сака да се натпреварува со вас
Мажите претпочитаат врски каде што партнерите работат заедно, а не каде што има постојано чувство на конкуренција или борба за контрола. Ако мажот постојано чувствува дека мора да се „натпреварува“ со својата партнерка или да ги надмине нејзините барања, ова може да создаде фрустрација и чувство на исцрпеност.
3. Ако постојано го критикувате, не би било невообичаено тој едноставно да си замине
Почитувањето е исклучително важно за мажите. Кога чувствуваат дека нивната партнерка не ги цени нивните одлуки, ставови или напори, се јавува чувство на несоодветност.
Прекумерната критика, постојаните барања и притисокот за подобрување можат да го натераат мажот да се чувствува понижен или заробен во врската.
Недостатокот на почит често води до емоционално повлекување.
Забава
Пробајте го методот 5-4-3-2-1: Секоја недела ќе имате одлични модни комбинации
Дали сте една од оние кои имаат плакар полн со облека, а сепак секое утро ја повторувате фразата – „Немам што да облечам“? Тогаш сте на вистинското место…
Секако, нема ништо лошо во повторувањето на еден комбинезон, но не е чудно ако од време на време ви здодеат вообичаените комбинации и сакате да внесете малку свежина во вашите секојдневни изданија. Купувањето неколку нови, трендовски парчиња е веројатно првата идеја што ви паѓа на ум во вакви случаи, но фактот е дека ова е навистина само краткорочно решение.
За да бидете задоволни со она што го носите секој ден, инвестирајте во основата на вашиот гардеробер и создадете свои сезонски „капсули“ од колекцијата.
За да го извлечете максимумот од вашите парчиња и да постигнете вашите облеки да се разликуваат од недела до недела, не е лоша идеја да се потпрете на таканаречениот метод 5-4-3-2-1.
Оваа теорија за средување на облеката ја создала тиктокерка која се претставува под корисничкото име @iloveyoumariemuch, а инспирацијата ја пронашла во многу сличен трик за пакување облека за неделни патувања. Таа советуваше на крајот од секоја недела да избирате парчиња од плакарот што ќе ги носите во следните пет работни дена. Ставете ги настрана, на закачалки за облека или во посебен дел од плакарот.
Тука влегуваат во игра броевите, 5-4-3-2-1. За зимската неделна гардероба, Мари предлага да изберете 5 маички, 4 долни парчиња (панталони или здолништа), 3 парчиња што можете да ги обложите во слоеви (јакни, кардигани), 2 горни парчиња (јакна или палто) и 1 пар чевли. Важно е парчињата естетски да се усогласуваат едни со други, а Мари додаде дека можете да додадете уште еден пар чевли ако сакате.
Како да креирате неделни капсулни гардероби користејќи го методот 5-4-3-2-1 🤍✨
Соберете пет функционални комбинации од избраните парчиња и секоја недела додавајте нови варијанти од вашиот плакар во ротацијата, фокусирајќи се на парчиња што би сакале да ги носите почесто, но честопати паѓаат во втор план.
На овој начин, ќе постигнете секоја недела да имате нови, свежи комбинации, а можете да си играте и со стилизирањето. Чанти, чорапи во боја и накит можат да го направат истиот стил да изгледа сосема поинаку секој пат. Исто така, со овој метод, лесно ќе откриете кои парчиња облека ви недостасуваат во вашиот плакар, а кои можеби ги имате премногу.
фото/депозитфотос
Забава
Без напор, долготраен сјај на подовите: Тајна што ја користат хигиеничарите
Ако вашите подови брзо се валкаат по чистењето, можеби е време да пробате трик што го користат професионалните чистачи, а тоа е глицерин.
Додадете 2 лажици глицерин во 10 литри млака вода (или 1 лажица на 5 литри) и користете микрофибер крпа за чистење. Глицеринот создава тенок антистатички слој што го намалува насобирањето прашина и им остава на подовите препознатлив хотелски сјај што трае подолго.
Овој метод е безбеден за керамички плочки, ПВЦ подови и лакирано дрво, но бидете внимателни со сјајните плочки и скалите, бидејќи премногу глицерин може да создаде лизгав ефект. Ако глицеринот не е опција, алкохолниот оцет е добра алтернатива за чистење, но не се препорачува за камени површини.
Овој метод е економичен, бидејќи глицеринот не чини многу и повеќето домаќинства веќе го имаат, што го прави прифатливо решение за одржување на подовите во совршена состојба.
фото/депозитфотост

