Македонија
Заев: И да има нови избори, пак ќе излезам пред Иванов, но со 70 потписи
И да има нови предвремени парламентарни избори, лидерот на СДСМ Зоран Заев е убеден дека пак ќе биде исправен пак пред претседателот Ѓорге Иванов со повеќе од 70 потписи, затоа што рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М изјави дека има план Б, во случај ако претседателот на државава, Ѓорѓе Иванов не му го додели мандатот, но и дека се надева дека тој нема да се реализира.
„Планот А е да биде доделен мандатот од Иванов. Во планот А е и конституирање на Собранието и избор на Претседател на Парламентот. Јас се надевам дека нема да дојде до план Б, туку ќе се реализира план А. Ќе се обидеме деновиве да постигнеме договор за претседател на Собранието. Да биде функционален и ќе се обидеме со тој чекор“, рече Заев.
За предлогот да се спроведат нови предвремени парламентарни избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на СДСМ вели дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа, а тој пак ќе застане пред Иванов да го бара мандатот.
„И да одиме на избори јас верувам дека ќе бидам исправен пак пред Иванов со повеќе од 70 потписи. Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа“, вели Заев.
Сепак, според него, изборите не се решение за излез од кризата, туку да му се даде шанса да формира влада.
За тоа дека ветил промена на Уставот, Заев смета дека не е потребна негова промена за некој да добие права.
„Нашиот Устав е доволно европски и либерален, тоа се овозможува преку закони и мерки да бидат унапредени одредени права“, изјави Заев./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

