Контакт

Естрада

Јана Бурческа со „Dance Alone“ ќе ја претставува Македонија на Евросонг

Објавено пред

„Dance Alone“ е насловот на Евровизиската песна со којашто Јана Бурческа ќе ја претстави Македонија на 62-тото издание на Изборот на Песна за Евровизија коешто ќе се одржи во Киев, Украина од 9-ти до 13-ти мај.

dobivaj vesti na viber

Песната „Dance Alone“ е оригинално авторско дело на Joacim Perrson, Alex Omar, Florence A. и Bobi-Leon Milanov, сите дел од SYMPHONIX INTERNATIONAL, реномиран музички бренд кој низ годините има остварено значајни евровизиски достигнувања, како и соработки со светски познати артисти, меѓу кои Kelly Clarkson, John Legend, Kylie Minogue, Lady Gaga, Mary J. Blige, Miley Cyrus, Selena Gomez, Armin Van Buren, Conchita Wurst, Alexandra Stan и Jamiroquai, а дел од авторите на SYMPHONIX INTERNATIONAL беа потписници и на „Лисја Есенски“ на Даниел Кајмакоски.

„Добивме повеќе од двесте песни, меѓу нив навистина прекрасни музички дела, но уште од самиот почеток на отворениот повик во ноември 2016-та „Dance Alone“ на целиот тим ни остана длабоко врежана во меморијата. Сметаме дека имаме фантастична песна, којашто совршено го отсликува темпераментот и енергијата на Јана, а ни дава и одлична подлога за спектакуларен сценски настап“, изјави Мери Попова, шеф на Македонска Евровизиска делегација.

Видео спотот за „Dance Alone“ е работен според оригинална идеја и режија на младиот и талентиран режисер од Русија, Сергеј Железко, којшто работи за „Бојана Филм“ во Софија, кадешто и беше снимено видеото.

„Многу е лесно да се работи кога музиката е одлична и ти дава доволно инспирација. Јана е исто така прекрасен уметник, се обидовме да ја оживееме и продлабочиме приказната на песната, за да наликува видео спотот на еден мал краток филм“, вели Сергеј Железко.

Веќе се работи и на осмислување на кореографијата и сценскиот настап за Јана Бурческа, за што е задолжена Амбра Сучи, танчер, кореограф и уметнички директор од Шведска. Во нејзиното портфолио Амбра има запишано повеќе успешни сценски настапи на Евровизија, меѓу кои оној на Поли Генова (2016), како и победничкиот настап на Лорин за „Еурофија“ (2012).

За стајлингот на Јана ќе биде задолжена Антонија Ристовска, истакната македонска дизајнерка, со којашто Јана и досега соработувала за сите позначајни настапи во нејзината кариера. Официјален мејк ап артист за Јана во Киев ќе биде Александар Билјановски-Дадар.

Македонската Радио Телевизија и годинава се погрижи нашиот претставник да има богата промотивна турнеја, па Јана ќе ја промовира „Dance Alone“ на најголемите евровизиски промотивни концерти во Лондон, Тел Авив и Амстердам.

Јана Бурческа настапува на 11-ти мај во првата половина на Второто Евровизиско полуфинале, а дополнително се очекува од продуцентите на шоуто да биде одреден и конечниот редослед. /крај/мрт/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Објавено пред

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.

Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.

Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.

Прикажи повеќе...

Естрада

Тимберлејк откри дека боледува од лајмска болест: „Животот со ова е немилосрдeн“

Објавено пред

Џастин Тимберлејк ја сподели со јавноста веста за својата здравствена состојба, откривајќи дека му била дијагностицирана лајмска болест. По две години поминати на светска турнеја, тој одлучил отворено да зборува за проблемите со кои се соочува.

dobivaj vesti na viber

Иако е познат по тоа што ја чува својата приватност, Тимберлејк почувствувал потреба да им открие на обожавателите „малку за тоа што се случува“ со него.

„Како што многумина од вас знаат, јас сум прилично приватна личност. Но додека размислувам за турнејата, сакам да ви кажам малку за тоа што ми се случува“, напиша тој на Инстаграм.

„Меѓу другото, се борев со одредени здравствени проблеми и ми беше дијагностицирана лајмска болест – не го велам ова за да предизвикам сожалување, туку за да осветлам низ што поминував зад сцената. Ако некогаш сте се соочиле со оваа болест или познавате некој што има, тогаш знаете: животот со неа може да биде безмилосно исцрпувачки – и психички и физички.“

Тој додаде: „Кога првпат ја добив дијагнозата, бев навистина шокиран. Но барем добив објаснување зошто на сцена чувствував силна нервна болка или само огромен замор и слабост.“

Пејачот се нашол пред тешка одлука – да ја прекине турнејата или да продолжи и покрај сè. „Одлучив дека радоста што ми ја носи настапот далеку ја надминува привремената болка и стрес што го чувствуваше моето тело. Многу ми е мило што продолжив“, изјави тој.

Тимберлејк рече дека долго време се двоумел дали да зборува јавно за своите здравствени проблеми, но сега „се обидува да биде потранспарентен за борбите, за тие да не бидат погрешно сфатени“.

„Го споделувам сето ова со надеж дека сите ќе најдеме начин да бидеме поврзани едни со други“, порача тој. „Сакам и јас да придонесам и да им помогнам на оние што исто така се борат со оваа болест.“

Тимберлејк не е единствена славна личност што се бори со оваа болест – манекенката Бела Хадид исто така јавно говореше за своето искуство. Според клиниката Мајо, лајмската болест ја предизвикува бактеријата борелија, а луѓето најчесто се заразуваат преку каснување од заразен крлеж.

Болеста е најзастапена во североисточните, средноатлантските и горните делови на Средниот Запад во САД, но се пријавени и многу случаи во Европа и некои делови на Канада. Ризикот од зараза е најголем во тревни, грмушести и шумски предели, поради што се препорачува претпазливост при престој во природа.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џеси Џ. сподели емотивни фотографии од болничката соба, одмара и чека резултати

Објавено пред

Британската пејачка Џеси Џ. сподели фотографии и видеа од болницата преку својот Инстаграм профил, кои се направени во текот на последните 48 часа од нејзиното лекување.

dobivaj vesti na viber

Имено, 37-годишната ѕвезда неодамна објави дека ѝ е дијагностициран рак на дојка, а набргу потоа го одржа својот последен настап пред лекувањето.

Сега таа одлучи да се отвори за тоа како поминала операцијата и да сподели некои од ранливите моменти. На некои фотографии и видеа, Џеси Џ. може да се види како плаче во болнички кревет додека нејзиниот сопруг Чанан ја поддржува. Таа, исто така, сподели фотографии и видеа со својот син Скај Сафир.

„Оваа објава содржи некои од искрените падови и максимуми од последните 48 часа. Секогаш ќе ги покажувам добрите и тешките делови од секое патување низ кое минувам“, изјави таа на почетокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

Потоа им се заблагодари на својот лекар и на сите медицински сестри кои се грижеа за неа, како и на сите што ја посетија.

„Благодарна сум на мојот лекар/хирург и на сите медицински сестри кои се грижеа за мене и на моето семејство и пријатели кои дојдоа да ме посетат. Сега сум дома, ќе се одморам и ќе ги чекам резултатите“, продолжи таа.

На крајот, таа уште еднаш рече дека ги прегрнува сите оние кои моментално минуваат низ тешки ситуации.

Џеси неодамна настапи на Summertime Ball, каде што им кажа на 80.000 луѓе дека тоа ќе биде нејзиниот последен настап пред операцијата.

„Денес, овој настап е и мојот последен пред да одам да го победам ракот на дојка. Толку е посебен за мене, немате поим. Се чувствувам толку посебно што сум од Велика Британија, да бидам искрена и што можам да кажам како се чувствувам. Многу сум благодарна за овој живот, за вас, за мојата кариера, за мојот син, мојот партнер, моите родители, семејството, бендот и екипата. Имаме толку среќа, имаме толку многу за што да живееме, толку многу радост, толку многу, толку многу да направиме“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Одбележан 18 Август – Денот на Армијата

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18...

Свет10 минути

(Видео) Зеленски објави видео од нападите врз Украина: „Војната мора да заврши. И Москва мора да го чуе зборот: „Стоп“.“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека тие јасно ги демонстрираат намерите и...

Македонија25 минути

(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење....

Македонија1 час

Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Македонија1 час

(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е...

Свет2 часа

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на...

Свет4 часа

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со тешка средба со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа. Условите за евентуален...

Македонија4 часа

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија5 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет7 часа

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет7 часа

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет7 часа

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет7 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет17 часа

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија19 часа

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...

Свет20 часа

Америка ѝ нуди на Украина заштита слична на НАТО, Путин, наводно, се согласил

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави во интервју за „Си-ен-ен“ дека рускиот претседател Владимир Путин за прв пат се согласил да...

Топ21 час

Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56...

Топ1 ден

Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот – ужас во Ѓорче

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во...

Свет1 ден

„Ројтерс“ со детали за планот за ставање крај на војната во Украина

Русија би се откажала од помали делови од Украина, а Киев би препуштил поголеми делови од истокот на земјата  –...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ. Во...