Контакт

Политика

Поддршка за домашните претпријатија, раст на платите и социјална праведност, предвидува владината Програма на СДСМ

Објавено пред

Главен фокус во Програмата за работа на Владата на Република Македонија во периодот 2017 – 2020 година е економијата и подигнувањето на животниот стандард на граѓаните, информираше во недела на прес конференција Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Програмата содржи нов пристап за развој на македонската економија која се темели на три елементи: поддршка за домашните претпријатија, раст на платите и социјална праведност“, рече Тевдовски.

Според него, државната поддршка за поттикнување на домашните претпријатија, пред сѐ малите и средни претпријатија, ќе биде многукратно зголемена и ќе биде поставена на 20 милиони евра уште во првата година на мандатот.

„Ќе бидат помогнати инвестиционите проекти на домашните претпријатија, но и ќе се отворат деловни старт-ап центри во сите поголеми општини и ќе се оснива фонд за вложување во старт-ап и мали и средни претпријатија. Преку активните мерки за вработување ќе се влијае на вработување на 16 илјади лица годишно во приватниот сектор. Деловната клима ќе се ослободи од политички притисоци и репресии. Ќе се воведе јавен регистер на инспекциски контроли, со цел елиминирање на субјективноста и јавноста да има целосен увид. Институциите задолжително ќе објавуваат упатства за примена на законите во нивната област. А, Владата во првите 100 дена ќе го објави вкупниот износ на сите акумулирани доспеани обврски на државата и ќе изработи план за нивно плаќање со јасни рокови“, појасни Тевдовски.

Понатаму тој рече дека Македонија мора да излезе од, како што нагласи, мизерно ниското ниво на плати.

„Програмата содржи мерки кои ќе прават притисок платите да растат. Државата ќе стимулира отворање на подобро платени работни места. Малите и средни претпријатија за отворање на ново работно место ќе добиваат еднократна финансиска поддршка помеѓу 72.000 и 162.000 илјади денари, под услов на лицето да му исплаќаат бруто плата повисока од просечната во минатата година во период од 12 месеци. Во првата година на мандатот, минималната плата ќе се зголеми на 12 илјади денари и таа ќе важи и за индустријата за текстил, облека и кожа. А, реформата во образовниот систем ќе овозможи раст на платите на долг рок. Растот на платите ќе прави притисок да се зголемува продуктивноста во економијата“, рече Тевдовски.

Тој додаде дека развојот на економијата не може да обезбеди подигнување на животниот стандард на мнозинството на граѓани, ако неговите плодови се неправедно распределени.

„Владата има за цел постепено да внесува праведност во двата клучни механизми за редистрибуција на доходот во општеството – даночниот и социјалниот систем. Промените во даноците и социјалните трансфери ќе бидат воведувани паралелно со подобрувањето на ефикасноста на институциите“, вели Тевдовски.

Според него, првиот чекор во подобрување на ефикасноста на институциите е обезбедување на целосна фискална транспарентност.

„Таа претставува и клучен приоритет во работата на Владата во првата година на мандатот. Сите буџетски корисници, фондови и јавни претпријатија не само што ќе мораат да ги имаат објавено завршните сметки на своите веб-страници, туку уште повеќе, ќе мораат да доставуваат до Министерството за финансии детални месечни извештаи за трошењето на доделените пари од буџетот, заедно со обврските што ги превзеле, а не ги платиле. Овие податоци, со помош на платформа за пребарување, ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за финансии, со цел граѓаните да бидат контролори ако се прават злоупотреби“, истакна Тевдовски.

Тој уште еднаш го повика Ѓорге Иванов да го додели мандатот за составување Влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за што поскоро новата Влада да започне да ја реализира Програмата за живот. /крај/со/ст

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Гори во Радовиш, Берово, Прилеп – активни седум пожари, три се под контрола

Во текот на измнинатото деноноќие, на територијата на државата се евидентирани вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум...

Македонија45 минути

Поништена јавната набавка за 120 електрични eкоавтобуси, се пријавила една фирма која не исполнувала услови

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ го оцени како ефикасно справувањето со пожарите во Македонија, во споредба со земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека институциите под водство на оваа Влада успешно реагираат на пожарите кои ги зафатија повеќе подрачја во Македонија,...

Свет2 часа

Кина нуди 500 евра годишно за секое дете во период од три години за да го поттикне наталитетот

Поради заканувачката демографска криза, Кина почна да им нуди финансиска помош на родителите за да ги поттикне раѓањата. Новата мерка...

Македонија2 часа

Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира...

Свет3 часа

Русија: Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот

Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот, а Русија сама води борба против целиот тој регион, тврди рускиот министер...

Регион3 часа

(Видео) Турист падна во базен откако му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот. Снимка од...

Свет4 часа

(Видео) Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција. Смртни случаи...

Македонија13 часа

(Видео) Македонецот кој спречи терористички напад во авион: „Реагирав инстинктивно“

На летот од Лондон до Глазгов се случи инцидент, откако еден од патниците извика дека има бомба, со слогани „Смрт...

Свет16 часа

Трамп го скрати рокот: Му давам на Путин уште 10 до 12 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува претходниот рок од 50 дена што му го дал на рускиот претседател...

Регион17 часа

Пожари беснеат на Балканот: илјадници се евакуирани, гори и во близина на популарна туристичка дестинација во Албанија

Пожарникарите денес се обидуваат да изгаснат шумски пожари во три одделни покраини во Турција, Грција, во близина на туристичка дестинација...

Македонија20 часа

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред...

Македонија21 час

Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија1 ден

Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во...

Спорт1 ден

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...

Македонија1 ден

Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се...

Свет1 ден

Рубио: Трамп го губи трпението со Путин, размислува за драстични мерки

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е сè повеќе фрустриран од недостатокот на напредок на Русија кон мировниот договор и сега...

Регион1 ден

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до...

Свет1 ден

САД и ЕУ постигнаа договор за царините

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа рамковен трговски договор, објавија американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија,...

Македонија1 ден

Паника во Катланово и Петровец поради голем пожар, Ангелов смирува дека нема опасност да се запали бензинската

Попладново пожар изби и помеѓу Катланово и Петровец. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва во видео-изјава...