Македонија
СЈО за изречената мерка „притвор“ за првоосомничениот во „Труст“ дознало од медиумите
Специјалното јавно обвинителство(СЈО) за изречената мерка „притвор“ за првоосомничениот во предметот „Труст“ дознало од медиумите, а не преку телефон.
„За фактот дека е донесена одлука по жалбата на ова Јавно обвинителство и дека е изречена мерка притвор против осомничено лице во случајот “Труст” дознавме од медиумите. Во насока на проверка на информациите дали навистина е донесена судска одлука ја контактиравме судијата која претседаваше со Кривичниот совет и која не извести единствено дека е донесена одлука по жалбата и дека одлуката ќе ни биде дополнително доставена“, се вели во реакцијата на СЈО, објавена на нивната интернет страница.
Реакцијата следеше откако во дел од медиумите се пројавија неточни толкувања на изјавата на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, дадена по повод новинарско прашање поврзано со определувањето на притвор на еден од осомничените лица во случајот “Труст”. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

