Забава
Четиригодишно девојче изодело 8 км низ снежна тајга во Сибир барајќи помош за својата баба на умирање
Четиригодишно девојче одело речиси осум километри низ сибирска тајга полна со мечки и волци за да ѝ помогне на својата баба која била на умирање, објави RT.
Ова се случило во руската република Тува во јужен Сибир минатиот месец, но властите го потврдија случајот во неделата.
Четиригодишното девојче, идентификувано од страна на локалните медиуми како Саглана, живее со нејзините баба и дедо во зафрлено село. Нејзиниот дедо, наводно, бил слеп веќе неколку години, а 31-годишната мајка на девојчето живее одделно.
Едно утро, Саглана се разбудила и видела дека баба ѝ е неподвижна. Таа морала да побара помош во најблискиот град, оддалечен околу осум километри, објавија локалните медиуми.
Проблемот е во тоа што таа морала да оди низ снежни шуми од тајга, по голем студ рано наутро за да стигне таму.
И покрај сите опасности кои демнат при одењето низ сибирските шуми познати по волците и мечките, таа стасала до дестинацијата за неколку часа.
Лекарите кои ја прегледале веднаш откако таа пристигнала, рекле дека страда од „општа хипотермија”, се вели во соопштението на полицијата.
За жал, лекарите кои отишле да ѝ помогнат на бабата на девојчето, не можеле да ја спасат. Жената во нејзините 60-ти починала од срцев удар.
Луѓе на социјалните медиуми искажаа пофални зборови за девојчето и за нејзината храброст.
„Добро направено, девојче “, „Ви посакувам добро здравје“, „Таа е достојна за медал“, „Еве еден херој!“, пишуваа луѓето на своите твитер профили.
Иднината на нашата област лежи во овие мали херои “, изјавија локални жители за новинската aгенција Tuva online..
Други пак, се прашуваaт како дедото на детето ѝ дозволил да оди сама на таков опасен пат и зошто семејството немаат мобилни телефони.
Во меѓувреме, локалните власти отворија случај против мајката на девојчето, која се сомничи за небрежност.
„Таа била свесна дека старите луѓе не биле во можност да се грижат за безбедноста на детето”, се вели во соопштението, пренесува RT. /крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Плачат без причина: Овие хороскопски знаци знаат само за солзи
Чувствителноста се покажува многу отворено кај некои луѓе, честопати преку солзи што доаѓаат побрзо отколку што би сакале.
Не станува збор секогаш за големи проблеми, туку за мали нешта што емоционално ги преоптоваруваат. Сè што е потребно е погрешен збор, погрешен тон или лош ден за емоциите да излезат од контрола. Ваквите реакции не се нужно знак на слабост, туку на интензивно доживување на сè околу нив.
Според астрологијата, луѓето родени под овие хороскопски знаци најчесто плачат за работи што им изгледаат незначителни на другите.
Рак
Луѓето родени под овој знак плачат за мали нешта речиси рефлексивно. Доволно е некој да заборави да испрати порака, да ги погледне на погрешен начин или да каже нешто без размислување. Тие сè сфаќаат лично и ретко успеваат рационално да ги одвојат своите емоции од ситуацијата. Солзите често им доаѓаат сами, дури и кога се свесни дека претеруваат. После тоа, се чувствуваат полесно, но дотогаш нивните емоции веќе ја презеле контролата.
Риби
Луѓето родени под овој знак може да плачат поради песна, филм, туѓа приказна или лоша атмосфера во собата. Нивните солзи честопати немаат специфична причина, туку доаѓаат од внатрешен емоционален вишок. Малите нешта што другите едвај ги забележуваат предизвикуваат силна реакција кај нив. Честопати тие самите не можат да објаснат зошто плачат, само знаат дека нешто ги погодило. Нивните емоции брзо ја преминуваат границата на рационалноста.
Вага
Луѓето родени под овој знак плачат кога е нарушен мирот, дури и ако станува збор за банална ситуација. Ситна расправија, нечиј ладен коментар или чувството дека не им угодиле на сите е доволен поттик. Тешко се справуваат со непријатните емоции и честопати не можат да ги обработат без солзи. Плачат дури и за работи што никогаш нема да се случат, но ги замислуваат како вистинска закана. Нивните солзи најчесто се резултат на внатрешен немир, а не на вистински проблем.
Забава
Најпопуларните бои за нокти за 2026 година: Пет нијанси што сите ќе ги бараат оваа година
Трендовите во бојата на ноктите повеќе не се само естетски каприц – тие стануваат мал ритуал на смиреност, суптилен моден потпис, детаљ што многу зборува за стилот – со други зборови, нови трендови за убавина.
Овогодинешната палета совршено ја балансира ненаметливата елеганција и силниот карактер, комбинирајќи безвременска софистицираност со модерна, урбана атмосфера.
Според експертите, овие пет нијанси ќе доминираат во салоните во текот на целата година.
Cloud Dancer
Уште пред официјално да започне 2026 година, Pantone јасно стави до знаење каде се насочени трендовите. Cloud Dancer, совршено избалансирана, млечно-бела нијанса, ја симболизира потребата за мир и нови почетоци во свет што не познава пауза.
Оваа нежна, речиси етерична бела боја веќе ја освои и модната и козметичката сцена – само погледнете го маникирот на Кендал Џенер, која прва го носеше, а цела армија вљубеници во трендот ја следеа. Минимализам што изгледа луксузно, без никаков напор.
Milk Chocolate
Елегантно и апсолутно безвременско – кафеавата боја останува безвременски класик. Во 2026 година, фокусот е на кремасти, посветли нијанси кои потсетуваат на млечно чоколадо.
Иако традиционално се поврзуваат со есен и зима, професионалците предвидуваат дека овие „чоколадни“ тонови ќе се видат и во лето, како помека, потопла и помалку драматична алтернатива на црната.
Carbon Black
Тешко е да се каже дека црните нокти некогаш излегле од мода, но оваа година се враќаат со уште поголем интензитет.
Се очекува црните маникири да бидат барани во текот на целата година – можеби поради нивниот „остра“ природа, можеби како одговор на долгогодишната доминација на млечните и неутралните нијанси. Во секој случај, пораката е јасна: црната се врати. Црната покажува самодоверба, без компромис.
Cool Blue
Според Pinterest Predicts, ладно сината е бараната нијанса на 2026 година – боја која лесно би можела да ја симне бордо нијансата од тронот.
Оваа ладна, чиста сина боја изгледа софистицирано, но во исто време и модерно и свежо. „Ледените“ тонови ја освојуваат и модата и убавината, а најлесниот начин да се вклучите во трендот е со бебешки, прашлив или ледено син маникир кој веднаш го воздигнува секој аутфит.
Sage Green
Позната и како millennial green, sage green е пригушена, светло зелена нијанса што потсетува на лисја од жалфија. Оваа боја совршено се вклопува во поширокиот тренд на внесување смирувачки, природни тонови во секојдневниот живот. Дискретна, но ефикасна, идеална е за оние кои сакаат нешто различно, а сепак да бидат софистицирани и ненаметливи.
Ако овие нијанси се нешто што треба да се земе предвид, 2026 година ќе донесе маникири кои не се само убави за гледање, туку и вистинско мало ремек-дело на стилот – тивки, луксузни и совршено во согласност со модерното темпо на живот.
Забава
(Фото) Ана Ивановиќ има силна порака за сите жени и мајки
По разводот од Бастијан Швајнштајгер, Ана Ивановиќ одлучи да се посвети на себе и на своите деца. Таа стана активна и на социјалните мрежи, каде што редовно „качува“ фотографии од својата приватна и деловна средина.
Атрактивните објави се честа појава на нејзините социјални мрежи и судејќи според фотографиите, таа конечно ужива во животот.
Ана сега одлучи да им открие на своите обожаватели како го поминува времето во тишината на својот дом по родителските и деловните обврски.
Таа објави фотографија на Инстаграм во виолетова облека додека ја чита својата омилена книга. Вниманието на јавноста го привлече описот на фотографијата, што е воедно и родителски совет.
Може да се каже дека поранешната тенисерка испрати силна порака до сите мајки кои се борат за „своето време“. Со други зборови, Ана нагласи колку е важно „времето за себе“ кога стануваш мајка.
Коментарите на обожавателите се напливуваа, а сите ѝ испратија најдобри желби на поранешната тенисерка.

