Вести
Во воздушен напад на коалицијата во сириска Рака убиени 19 цивили
Најмалку 19 цивили се убиени во воздушните удари на меѓународната антитерористичка коалиција предводена од САД во јужните предградија на сирискиот град Рака, јавува службената сириска новинска агенција SANA, повикувајќи се на „информиран извор“ од местото на настанот.
Воздушниот напад бил извршен ноќта кон понеделникот во областа на селата Шејк-Џумаа и ал-Фараџ, како и областа на голема фарма на јужниот брег од реката Еуфрат. Соговорникот на агенцијата додал дека бројот на жртвите може да се зголемува, бидејќи некои од повредените се во критична состојба.
Градот Рака, со околу 300.000 жители, се наоѓа во северниот дел на Сирија, околу 160 километри источно од Алепо, административниот центар на истоимената покраина, на бреговите од реката Еуфрат. Градот беше заземен од ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава во 2013 година, и важеше за неформална „престолнина“ на џихадистите во Сирија и Ирак.
Од пред неколку месеци кон Рака започнаа напредување силите на арапско-курдската коалиција Демократски сили на Сирија (DFS), чијашто основа ја сочинуваат борците на курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG) и борците на локалните арапски племиња. Воздушна поддршка им дава антиџихадистичката меѓународна коалиција предводена од САД.
Во рамките на третата фаза од оваа операција наречена „Гневот на Еуфрат“, борците на DFS успеаја да ја изолираат Рака, прекинувајќи ја главната рута за снабдување на милитантите од страна на Деир-ез-Зор. Според последните извештаи, курдските борци се наоѓаат на пет-шест километри северно од Рака.
Станува збор за последниот од десетиците случаите на погрешни воздушни удари во кои колатерални жртви се цивили во Сирија и во Ирак. На почетокот од март американската команда за Блискиот исток (CENTCOM) потврди дека во воздушен удар загинале повеќе од 20 цивили, а уште две биле ранети.
Претходно официјален Вашингтон соопшти дека од 2014 година во коалициските бомбардирања во Сирија и во Ирак загинале 119 цивили. Истовремено организацијата Amnesty International тврди дека загинале околу 300 цивили во изминатите две години во воздушните удари на меѓународната коалиција. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.