Контакт

Вести

Полска побара од САД да се екстрадира поранешниот украински нацистички командант Каркоц

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Варшава ќе бара апсење и екстрадиција на Михаил Каркоц од Минесота во САД кој AP го означи како поранешен нацистички командант, кој за време на Втората светска војна командувал со единицата која спалувала полски села и убивала цивили, соопшти во вторникот полското обвинителство.

 

Обвинителот Роберт Jaницки рече дека доказите собрани во текот на неколку години на истражување , потврдуваат дека американски државјанин Михаил К. “Сто отсто” бил командант на Легијата на украинската самоодбрана, која била предводена од страна на нацистичката СС организација.

 

Одлуката на полските власти беше проследена дури по четири години од написот на Асошиетед прес (АП), во кој се посочува дека Михаил Каркоц (98) командувал со единицата, а иденттетот е потврден врз основа на воените документи, сведоштва на други членови на единицата, како и мемоарите напишани од Каркоц.

 

Семејство Каркоц упорно негира вмешаност во воени злосторства, а неговиот син ја оспори валидноста на доказите по објавувањето на полскиот обвинителен акт и барањето за апсење и екстрадиција.

 

“Не постои ништо во документите кои укажуваат дека татко ми имал каква било улога во воени злосторства”, рече Андриј Каркоц.

 

Обвинителите од полскиот Институтот за нацинална меморија, кој ги истражува нацистичките и комунистичките злосторства против Полјаците, му наложил на судот во Лублин да издаде барање за апсење на Каркоц.

„Ако барањето биде прифатено, Полска ќе бара негова екстрадиција„, рече Јаницки, додавајќи дека изнеможеноста и староста на осомничениот нема да се пречка лицето да се изнесе пред правдата.

 

Ако бидат осуден за вмешаност во убиство на цивили во 1944 година, на Каркоц му се заканува доживотен затвор.

 

Директорот на Центарот “Симон Визентал”, Ефраим Зуроф, кој се специјализира за пронаоѓање на нацистите од Втората светска војна, рече дека одлуката е важен сигнал кој ” дава многу силна порака” дека годините на осомничениот не треба да влијаат на процесуирањето.

 

Германските обвинители ја прекинаа истрагата против Каркоц во 2015 година, по добивањето на медицинската документација од лекар од американска геријатриска болница, врз основа на која беше заклучено дека тој не е способен да го издржи судењето.

 

Семејството Каркоц објави дека тој боледува од Алцхајмерова болест, но Зуроф побара да го прегледаат независни лекари.

 

Истрагите во Германија и Полска беа иницирани по тврдењата на АП-ти објавени во јуни 2013 дека Kаркоц бил командант на единица на нацистите и дека неколку години по војната ги излажал имиграционите функционери за да влезе во САД.

 

Во еден друг извештај од страна на Американската агенција се открини докази дека Каркоц лично во 1944 година наредил напад на полско село, во кој се убиени десетици цивили.

 

Овој извештај се заснова врз документ од архивата на украинската разузнавачка служба, во кој се наведува дека војникот Иван Шарко во 1968 година сведочел дека тој го наредил нападот врз полското село и дека мотивот за нападот бил одмазда за убиството на СС-мајор, кој ја предводел Украинската легија за самоодбрана.

 

И други војници, со кој командувал Каркоц го потврдија сведоштвото на Шарко за убиството на цивили./крај/мф/кс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Дождот не го изгасна целосно, но го стави под контрола големиот пожар во Мариово

Дождот кој заврна попладнево помогна да се стави под контрола големиот пожар во Мариово, но сепак сѐ уште не е...

Македонија8 часа

Неисправни се двата полициски хеликоптери и двата ер-трактори, се чека дождот да го изгасне пожарот кај Мариово (ВИДЕО)

Неисправни се двата полициски хеликоптери и тие не можат да учествуваат во големиот пожар во прилепскиот дел од Мариово чиј...

Регион10 часа

Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан.  Семејството, колегите, но и бројни пријатели и...

Топ11 часа

Го убиле соседот кој претходно ги пречекал во Кочани и со кој заедно пиеле

ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради основи на...

Македонија13 часа

Гужва на „Богородица“ продолжениот викенд направи долги колони за влез во Грција

На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце за излез од државата се чека повеќе од еден час, додека на останатите...

Топ13 часа

Возач со автомобил удри и тешко повреди 73-годишна жена во Скопје

Во СВР Скопје вчера во 12:25 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васил Главинов“ со ул.„Максим Горки“ во Скопје...

Свет14 часа

Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж

Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж во пустината во Ново Мексико, со што заврши тримесечната пробна мисија отежната...

Македонија15 часа

Со полн камион огревно дрво е фатен вработен во Шумската полиција

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека вчера во кратовско Таласманци, од страна на Шумската полиција запрено е...

Македонија16 часа

Вкупно 19 пожари на отворено за 24 часа, гори уште на седум места

Во текот на изминатиот ден имаше вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои активни се седум, под контрола се...

Македонија17 часа

Влада: Го решивме проблемот со застојот на издавање на пасоши и лични документи

Владата соопшти дека преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот на издавање на пасоши и други лични...

Свет17 часа

Оружје и опрема вредни 250 милиони долари ќе добие Украина од САД

САД најавија обезбедување на нов пакет итна помош во опрема и оружје за Украина вреден од 250 милиони долари. Помошта...

Македонија1 ден

Муцунски во Будимпешта се заблагодари за заемот и големата помош за справувањето со пожарите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на својот колега Петер Сијарто, денес престојуваше во работна...

Македонија1 ден

Дваесет и пет нови случаи на голема кашлица, петмина хоспитализирани

Во периодот од 30.8 до 5.9.2024 година пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, за 47,1 % повеќе во...

Македонија2 дена

(Видео) „Браќата на Филипче и Заев преку брза шема стануваат сопственици на ‘Фос имерас’ – соларна електрана“, вели Митева

„Заеви и Филипче не ги поврзуваат само фирмите во Бугарија, туку и фирми во Македонија. Покрај тоа што Венко Филипче...

Македонија2 дена

ИЈЗ потврди морбили кај 12-годишно дете: се работи за увезен случај од Србија

Институтот за јавно здравје потврди нов, втор случај годинава, на морбили кај дванаесетгодишно дете од Долно Коњари, општина Петровец. Детето...

Топ2 дена

Скопјанка и нејзиното бебе нападнати од куче скитник, пријавени уште два случаја на каснување

Во текот на вчерашниот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во градот. На 5.9.2024, во...

Топ2 дена

14-годишник со уште две деца го запалил Расадник во Кисела Вода

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело предизвикување општа опасност, предвидено и...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Баџанакот на Мицкоски има фирма во Бугарија, каде што завршуваат парите од семејните шеми

Започнуваме со откривање на шемите на фирмите на најблиското семејство на Мицкоски во Бугарија и Македонија. Денес ќе дознае јавноста,...

Топ2 дена

Скопјанец се обидел да силува жена во Кисела Вода, ја зграпчил со двете раце и се обидел да ја одвлече кон споредна улица

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил...

Македонија2 дена

Филипче мора да одговори зошто ја скрил фирмата во Петрич од анкетниот лист, бараат од ВМРО-ДПМНЕ

Адресата во Петрич, Бугарија која пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче сакал да ја сокрие, очигледно е местото од...