Црна хроника
Мажот осомничен за свирепото убиство во Битола
Педесет и тригодишен битолчанец е осомничен за убиство на сопругата што се случи во понеделникот во нивниот семеен дом.
Како што соопшти СВР Битола, поднесена е кривична пријава против лицето И.Д (53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ убиство“.
Пријавениот делото го направил на крајно свиреп начин и тоа со повеќе удари со тап тврд предмет, најверојатно сукало, кое го имал дома, и на жртвата и нанел смртоносни повреди во пределот на главата.
Пријавениот, на 13.03.2017 околу 09.52 часот во СВР Битола, пријави дека во нивниот семеен дом околу 09.50 часот ја пронашол неговата сопруга Е. Д.,(47) од Битола падната на подот во дневната соба целосно облиена во крв во горниот дел, особено во пределот на главата, без знаци на живот. Екипа на СВР Битола, во присуство на Јавен обвинител, извршила увид на местото на настанот при што е констатирано дека во дневната соба, без знаци на живот, се наоѓа сега починатата Е.Д(47). Смртта ја констатирал лекар од службата за Итна медицинска помош Битола, а по Наредба на Јавен обвинител над телото на починатата е извршена обдукција.
Инаку, во станот, освен тековно растурање, не се забележани растурања од евентуален упад на лица со материјален мотив за вршење на кривично дело, а во станот имало лап топ компјутери , мобилни телефони и други вреди предмети.
Од страна на крим техника не се констатирани траги од насилно влегување во станот. Предмети и траги, како и комплетната облека на пријавениот, биле подигнати и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи на Р.Македонија. На облеката на пријавениот биле забележани траги слични на крв (особено во долниот дел на облеката), кои упатуваат и оставаат сомнеж дека пријавениот се јавувава како можен извршител на делото. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

