Забава
Скопје има ново место каде ќе ја остварите својата бајка, каде ќе ја имате совршената свадба
Стапувањето во брак е започнување на ново поглавје во животот, нов заеднички почеток, а секој нов почеток треба да се прослави, со радост и среќа со најблиските.
Во Скопје има нов простор совршен за вашата бајка, совршен за вашата свадбена прослава. Ресторанот „Аликас“ зад чие значење стои зборот „извор“, е местото каде извира вашата љубов и слога…вашата среќа.
Алликас е ресторан кој се наоѓа на 5 километри од центарот на Скопје, во пријатна и тивка околина. Се протега на голема зелена површина, каде ресторанскиот дел изнесува 600 м2, со капацитет од 250 до 400 гости.
На зеленилото е превидено да се прават свадби и прослави под отворено небо, нудејќи посебно доживување во топлите летни вечери под ѕвезденото небо. Во ресторанот исто така е организирано одржување на матично во романтична атмосфера, со вашите најблиски роднини и пријатели.
Создаден по сите светски стандарди да ги задоволи сите потреби на гостите, ресторанот обезбедува паркинг- места за 100 возила, со постојан видео-надзор, како и игротека за најмалите гости.
Салата за свечености е предвидена за летни и зимски свадби. Во летниот период се отвoраат вратите и се прилагодуваат за топлите летни денови, а во зима е затворена со стаклена фасада, нудејќи необичен и елегантен амбиент.
Просторот е опремен со посебна технологија за одржување на температурата, па така истиот е пријатен во било кое годишно време, преку подното ладење и греење.
Елегантен и модерен амбиент, создаден по сите светски стандари со цел вашата свадбена прослава да биде една бајковита приказна која сите ќе ја паметат.
Тимот на Алликас е тука да се погрижи да имате совршен ден, нудејќи гратис услуги како професионално осветлување и украсување, сликање и снимање, организирање на матично во елегантниот двор на ресторанот, како и хостеси за пречек на вашите гости. На вас останува само да уживате среќни, на вашиот незаборавен ден.
Повеќе информации на:
Фејсбук: https://www.facebook.com/allikasmk/
Инстаграм: https://www.instagram.com/allikas_skopje/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хајди Клум воодушеви во неверојатниот костим на Медуза на забавата за Ноќта на вештерките
Хајди Клум повторно ја оправда титулата „кралица на Ноќта на вештерките“, појавувајќи се во спектакуларен костим на митската Медуза на нејзината традиционална забава во Њујорк.
На 24. издание на нејзината забава во хотелот „Хард Рок“, славната манекенка и водителка се трансформираше во Горгона, додека нејзиниот сопруг Том Каулиц го толкуваше грчкиот херој Персеј.
Подготовките започнале пет месеци однапред, а трансформацијата на денот на забавата траела повеќе од десет часа. „Сè е рачно отсликано“, откри Клум, додавајќи дека на изгледот работеле околу 15 луѓе. Деталите, како механичките змии што се движеле на нејзината глава и лушпестите делови, биле дел од целосната визија.
Клум признала дека идејата за Медуза ја имала одамна.
„Сакав да изгледам страшно, со вистински змии што се движат и остри заби – како вистинска ѕвечарка,“ рече таа. Публиката и медиумите беа воодушевени, нарекувајќи ја трансформацијата импресивна и морничава во исто време.
Позната по својата посветеност и креативност, Клум секоја година ја поместува границата со нови костими. Во минатото се појавувала како Џесика Рабит, вукодлак од „Трилер“, Фиона од „Шрек“, Клеопатра, паун, огромен црв и Е.Т., кој беше хит костимот од минатата година.
Забава
(Видео) Десет најстрашни хорор-филмови за Ноќта на вештерките
Ако немате планови за Ноќта на вештерките и сакате вистински да се наежите, „ЛЕД бајбл“ предлага 10 филмови кои ќе ве држат будни до утрото.
10. Sinister
Научно е докажано дека е најстрашниот хорор досега. Следи писател кој се доселува во куќа каде претходното семејство е обесено. Старите снимки создаваат неподнослива атмосфера на страв.
9. 28 Days Later
По вирусна епидемија што го опустошува Лондон, група преживеани се бори со заразените и со човечката суровост. Филмот го направи „брзиот зомби“ нов хорорски стандард.
8. The Ring
Американската верзија на јапонскиот хорор ја следи новинарката што истражува видео касета која носи смрт седум дена по гледањето. Напнатост, студена атмосфера и визуелна вознемиреност на највисоко ниво.
7. The Conjuring
Филмот се базира на вистински случаи на натприродни појави и ни ја претставува озлогласената кукла Анабел.
6. Hereditary
Психолошки хорор за семејство кое по смртта на бабата се соочува со мрачни тајни и демонски култови. Завршницата е меѓу најпотресните во модерниот хорор.
5. The Substanceќ
Деми Мур игра ТВ ѕвезда што користи таинствена супстанца за враќање на младоста. Шокантен и визуелно вознемирувачки филм за опсесијата со совршенство.
4. The Babadook
Психолошки хорор за мајка и син прогонувани од мистериозно суштество кое излегува од детска книга. Симболика за траума, вина и психички распад.
3. The Shining
Класика на Стенли Кјубрик – писател и неговото семејство остануваат заробени во осамен хотел каде лудилото полека го обзема таткото. Една од најиконските хорор сцени во историјата.
2. Get Out
Дебитантски филм на Џордан Пил што комбинира хорор и општествена сатира. Афроамериканец открива мрачна тајна зад „совршеното“ семејство на својата девојка.
1.Midsommar
Група млади патуваат во Шведска на фестивал кој се претвора во кошмарен ритуал на култ. Флоренс Пју блеска во улога што ќе ве остави без здив.
Забава
(Видео) Поранешна секс-бомба ја брани сегашната: „Искористи го она што ти го даде мајка ти“
Многу познати ѕвезди од различни сфери на уметноста блеснаа на настанот „Variety Power of Women“. Ова е посебна церемонија посветена на жените кои направиле значајна промена преку нивниот општествен ангажман.
Меѓу нив беа и некои лица од светот на филмската индустрија, а две убавици направија вистинска возбуда – поранешниот секс симбол Шерон Стоун и сегашниот, Сидни Свини.
Фаталните русокоси блескаа на црвениот тепих, но најголемо внимание привлече изјавата на Шерон во врска со контроверзната реклама на Сидни за брендот „American Eagle“ и советите што ѝ ги даде на младата актерка.
Sydney Sweeney and Sharon Stone have a euphoric reunion on the Variety Power of Women carpet. pic.twitter.com/IYz6TkOp8n
— E! News (@enews) October 30, 2025
Видеото се прошири на социјалните мрежи, а самата Шерон дури го објави и на својот официјален профил на Инстаграм.
„Навистина е во ред да го користиш она што ти го дала мајка ти. Тешко е да бидеш секси, и мислам дека сите го знаеме тоа. Навистина е во ред да го користиш секој дел од твојот сексапил. Секој има свој сексапил, нешто што е уникатно за него и треба да се стреми кон него…“, рече актерката, според списанието „Пипл“.
Sharon Stone and Sydney Sweeney at Variety's #PowerOfWomen event. pic.twitter.com/d6hZLEElR9
— dailydoseofcinemaa (@ddofcinemaa) October 30, 2025
Стоун ја искористи можноста да ја спореди Сидни со Џејн Гудал, која еднаш поминала низ слична тортура исто како и актерката.
Имено, таа „беше на насловната страница на списанието „Life“ само поради нејзините нозе“, а не поради нејзиното истражување за горилите.
„Кога Џејн беше на насловната страница на списанието „Life“ поради нејзината работа со горили, таа ги носеше своите сафари шорцеви и маица и седеше со животното што го проучуваше.
Sharon Stone offers her support for Sydney Sweeney after the actress faced controversy for featuring in American Eagle's "Great Jeans" ad campaign.
"It's okay to use what mama gave you. It's really fine. It's hard to be hot, and I think we all know that. It's really okay to use… pic.twitter.com/izvIDb2uU7
— Variety (@Variety) October 30, 2025
Други научници ја коментираа фотографијата на следниов начин: „Па, таа ја доби насловната страница на списанието само затоа што имаше добри нозе“, на што Џејн одговори: „Ако ја добив поради тоа, тогаш тоа е одлично, бидејќи собрав повеќе пари за моето понатамошно истражување“, заклучи Шерон, јасно ставајќи до знаење на чија страна е…
Патем, Шерон Стоун ќе биде нов член на 3-тата сезона од популарната серија „Еуфорија“, во која глуми и Сидни Свини.
фото: принтскрин

















