Забава
Тинејџер пронајде дијамант од 7,44 карати

Американски тинејџер пронашол во националниот парк во сојузната држава Араканзас, дијамант од 7,44 карати, соопшти во петокот интернет страницата на паркот.
Минатата сабота 14-годишниот ученик Калел Лангфорд со своето семејство престојувале во државниот национален парк Дијамантскиот кратер, каде што многумина посетител си ја пробаат среќата трагајќи по скапоцени камења.
„Бевме во паркот само половина част, кога тој го најде дијамантот. Бојата на каменот беше многу темна, така што не верувавме дека станува збор за дијамант“, изјавил за локалните медиуми таткото на момчето.
Кога, пак, каменчето им го покажале на службениците во паркот, станало јасно дека тинејџерот го пронашол еден од најголемите скапоцени камења во целата историја на „Дијамантскиот кратер“.
Според претставник на паркот, условите за наоѓање биле идеални. Имено, обилните дождови од претходната седмица ги измиле горните слоеви на почвата и ги откриле дијамантите кои се наоѓале во горните слоеви од почвата. Дијамантот најден од момчето има големина на зрно грав и четириаголна форма.
Тинејџерот го нарекол „Дијамантот на Супермен“ и одлучил да не го продава, туку да го чува како спомен кој ќе го потсетува на посетата на паркот.
Од почетокот на годинава во овој парк се пронајдени 97 дијаманти. Најголемиот скапоцен камен најден на територијата на САД е ископан во рудник во сојузната држава Арканзас во 1924 година. Дијамантот со тежина од 40,23 крати е наречен „Вујко Сем“./крај/мф/сн

(© Фото: Courtesy Arkansas Department of Parks and Tourism)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Северина по концерт во Словенија: Убаво е што ги знаат и ги разбираат моите песни

Северина одржа концерт во Крањ, град во Словенија. Таа објави неколку кадри на Инстаграм и напиша што најмногу и се допаѓа.
„Имам многу среќа и толку ми е убаво да се види, иако долго време не го предаваат мојот јазик во училиштата, дека Словенците ги знаат, пеат и ги разбираат моите песни… Уште повеќе овие млади луѓе… Музиката навистина не познава граници“, вели сплитската пејачка.
Забава
Почина актерот Вал Килмер

Холивудскиот актер Вал Килмер почина на возраст од 65 години. Актерот починал од пневмонија во Лос Анџелес, потврди неговата ќерка, актерката Мерцедес Килмер, за „Њујорк тајмс“.
Килмер се борел со рак на грлото со години, кој му бил дијагностициран во 2015 година.
Роден и израснат во долината Сан Фернандо, тој се прослави со улогите на Том Ајсмен Казански во филмот „Топ Ган“ од 1986 година, Џим Морисон во „Д дорс“ од 1991 година и улогата на Бетмен во „Бетмен засекогаш“ од 1995 година.
Забава
(Фото) Прослава кај Бекамови, на списокот на гости големи имиња од јавниот живот

Прославата на 50-тиот роденден на Дејвид Бекам започна малку порано во семејството Бекам, а на социјалните мрежи веќе се појавија „семеен портрет“ и фотографии од забавата.
Пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам треба да го прослави својот голем 50-ти роденден на 2 мај, но се чини дека еуфоријата започна малку порано.
Викторија и Дејвид споделија поглед од атмосферата во заедничка објава на Инстаграм.
Како што можете да видите, целото семејство позирало за таа една „голема“ фотографија по повод роденденот на Дејвид, а имавме можност да ги видиме Дејвид и Викторија, нивните деца, но и партнерките на Круз и Ромео Бекам.
Таму беше и миленичката на семејството – Харпер Бекам, која за оваа пригода носеше свилен фустан со потписот „Викторија Бекам“.
Според пишувањата на странските медиуми, спектаклот пред самиот спектакл започнал во Мајами, а на списокот на гости имало големи имиња од јавниот живот.
На прославата покрај Лионел Меси и Том Брејди присуствуваше и најпознатиот модел од 90-тите Синди Крафорд, потоа актерката Ева Лонгорија, но и сопругата на Меси, Антонела Рокузо, која повторно блесна во зелен макси фустан.