Црна хроника
Наставник од Делчево тепал со прачка и навредувал ученици
Наставник од Делчево без причина со прачка ги удирал и со погрдни зборови ги навредувал учениците од подрачното училиште ООУ „Климент Охридски“ во делчевското село Град.
Според полицијата, против И.Т.(55) од Делчево е поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
Наставникот малтретирањето на децата го извршил во неколку наврати во октомври оваа година. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Фото) Уапсени двајца полицајци во Битола, кај нив се најдени тајни документи, оружје и 20.000 евра
Полицајци од СВР Битола, Б.Б. (чиј дом беше претресен) и Љ.К. (кој направил проверки за министерот Панче Тошковски), се уапсени под сомнение за сериозни злоупотреби на службени овластувања. При претресот кај Б.Б. се пронајдени пиштол, револвер, големо количество муниција, службени документи со класифицирани информации, како и повеќе од 20.000 евра.
На 24 јануари 2025 година, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККИПС), во соработка со СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција, изврши претрес на домот на полицискиот службеник Б.Б. во Битола. Претресот е спроведен поради сомнение за кривично дело „оддавање службена тајна“, според член 360 од Кривичниот законик.
„При претресот, полицијата пронајде пиштол, револвер, две рамки за пиштол, 321 парче разновидна муниција, над 20.000 евра, како и службена документација. Документите содржеле класифицирани информации, меѓу кои оперативни извештаи за гранично работење и анализи на рути за мигранти“, велат од полицијата.
Според Министерството за внатрешни работи (МВР), против Б.Б. е поднесена кривична пријава, а судот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Во службените простории на Регионалниот центар за гранични работи Југ, во кругот на СВР Битола, полицијата одзеде десктоп компјутер за понатамошна постапка. При увидот, било утврдено дека полицискиот службеник Љ.К. со својата службена шифра вршел контроли во системот за проверка на патници и возила.
Љ.К. признал дека ги направил проверките за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Веднаш бил лишен од слобода и задржан во полициската станица Битола. Следниот ден, на 25 јануари, по наредба на Основниот суд во Битола, е извршен претрес и во неговиот дом, при што се пронајдени два USB-уреди и еден мобилен телефон.
„Случајот е во тек, а по насоки на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), продолжуваме со преземање дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на овој кривично-правен настан“, соопшти МВР.
Топ
76-годишен затвореник пронајден мртов во ќелија во Идризово
76-годишниот осуденик Б.Р. од Скопје бил пронајден починат во затворот Идризово.
Вчера околу 18:22 часот во СВР Скопје од страна на вработените во Казнено – поправната установа Затвор Идризово бил пријавен настанот.
По пријавата, веднаш бил испратен лекар од Итна медицинска помош, кој ја констатирал смртта. Телото на починатиот било пренесено на обдукција по наредба на јавниот обвинител.
„По добиената пријава, екипа од СВР Скопје изврши увид на местото на настанот. Лекарската екипа потврдила смрт на осуденикот, а обдукцијата ќе помогне во утврдување на точната причина за смртта. Истражните органи продолжуваат со истрагата“, изјавија од полицијата.
Црна хроника
Со пиштол на дијаболи соученици повредиле малолетна ученичка
Вчера во периодот од 09:00 до 09:30 часот, во училница на основното училиште во Чаир, малолетна ученичка била повредена со пиштол на дијаболи.
Настанот се случил откако еден ученик, кој го одземал оружјето од друг ученик, испукал дијабола што ја погодила ученичката.
Повредената ученичка била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за медицинска помош.
„Нашите полициски службеници веднаш реагираа по пријавата и излегле на местото на настанот. Пиштолот бил одземен од вработените во училиштето, а увидот го изврши екипа од ЕВР Чаир. Во тек е целосно документирање на случајот и по завршувањето на истрагата ќе биде поднесена соодветна пријава“, изјавија од полицијата.