Економија
WIZZ AIR го унапреди оперативниот директор и во извршен потпредседател
Виз Ер Холдингс, ниско-буџетна aвиокомпанија во Централна и Источна Европа, го објави унапредувањето на Diederik Pen од оперативен директор во извршен потпретседател и опертивен директор, кој ќе стапи на новата функција од 1 април 2017.
Diederik Pen се придружил на Wizz Air во Јануари 2013 како оперативен директор и го предводел оперативниот тим на компанијата да придонесе ниско-буџетни и сигурни операции, најдобри во својата класа за авиокомпанијата. Wizz Air продолжува да биде водечка компанија во индустријата користејќи 12 часа дневно со нејзините флоти Ербас А320 и А321 еркрафт, кои се едни од најновите флоти во Европа, и една од најниските стапки на откажување во индустријата. Стациониран во седиштето на Будимпешта на компанијата, одговарајќи пред главниот извршен директор, новата позиција е член на извршниот одбор со главниот опертивен директор на летoт на компанијта и голем број на други шефови на функции.
„Со задовлоство го објавуваме унапредувањето на Diederik Pen на позицијата Извршен Потпредседател и Оперативен директор. Diederik играше голема улога во занчителниот раст и развој на бизнисот повеќе од 4 години. Неговото унапредување се рефлектира на успешниот оперативен тим, придонесувајќи 20% раст на капацитетот во тековната финансиска година и проширување на базите низ 28 градови во 15 држави во 2017, одржувајќи сигурност и користење на летовите најдобро во својата класа. Со нетрпение го очекуваме понатамошниот и ценет придонес на Diederik во бизнисот во неговата улога како Извршен Потпредседател и Оперативен Директор“, вели József Váradi, главен извршен директор на компанијата.
Wizz Air е ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, управува со 79 “Airbus A320” и “Airbus A321” авиони и нуди над 500 рути од 28 бази поврзувајќи 138 дестинации низ 40 држави./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

