Регион
Албанија ја поддржува иницијативата на Косово за формирање на своја војска
Официјална Тирана ја поддржува иницијативата на Косово за формирање на своја армија. Албанскиот претседател Бујар Нишани по тој повод изјавил дека Косово е независна држава и треба да има своја армија.
„Една држава за да има своја сигурност има потреба да ги има сите потребни институции, меѓу кои и своја војска. Сега има безбедносни сили на Косово, но таму се и силите на НАТО, како и сили на САД“, изјавил Нишани за албанските медиуми .
Албанија е членка на НАТО и ќе бара формирање на армија на Косово во соработка со НАТО. Сепак, како што рекол албанскиот преседател, тој не верува дека војската на Косово ќе може да се гради успешно ако тоа не се направи во сорабвотка со НАТО и со асистенција на САД. крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Регион
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна во близина на Загреб
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна попладнево во близина на Загреб. Неофицијално се дознава дека три лица преживеале, додека едно лице починало, јавува 24сата.
„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегоа на терен, се укажува помош на повредените, местото на настанот е обезбедено“, соопштија од полицијата.
Авион од типот „Цесна“ кој се користел за скокови со падобран, се урна попладнево во близина на Загреб. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот.
Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во недалеку од пистата во загрепската населба Јеждовец.
Регион
Авион се урна во близина на Загреб
Авион со четворица членови на екипажот се урна попладнево во близина на Загреб, пренесуваат дел од регионалните медиуми. Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во Јеждовац.
Лансирани се дронови кои се обидуваат да го лоцираат авионот и да стигнат до местото на несреќата.
Таму се упатени возила на брзата помош, како и екипи на противпожарната единица.