Црна хроника
По осум месеци расчистено убиството во разрушена куќа на влезот во Велес

Жител на велешкото село Горно Оризари е осомничен дека го убил триесет и тригодишниот Бајрам И. од истото село во март годинава.
МВР поднесе кривична пријава против осомничениот за убиство и неговата сопруга која знаела за убиството, но го криела.Полицијата во понеделникот извршила претрес во домот на тројца жители на селото и привела неколку лица. Поднесени се кривични пријави против осомничениот за убиство и неговата сопруга за убиство и помагање. Во април беше најден трупот на Бајрам со прострелна рана во главата во разрушена куќа во близина на бензинската пумпа на Макпетрол, на излез од Велес кај Штипско џаде. Убиството се случило на 23 март кога осомничениот со пиштол калибар 7.65 мм го застрелал Бајрам И. и избегал. /крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.