Регион
Приштина одлучна да ја формира Заедницата на српски општини
Претставниците на косовската влада ја потврдиле одлучноста на Приштина да го спроведе договорот за воспоставување на Заедницата на српски општини, пишува во вторникот приштинскиот весник Zeri, известувајќи за состанокот на косовските преставници и Европската унија во Брисел.
Европските претставници изјавиле дека статутот на Заедницата треба да биде изработен што е можно поскоро, пишува дневникот и додава дека двете страни се согласиле дека е важно да се применат договорите кои беа постигнати за време на дијалогот помеѓу Белград и Приштина./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции, изјави министерот за одбрана Ејуп Македончи.
„Група руски хакери извршија сајбер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина“, изјави Македончи.
Во текстот на руските хакери се споменува говорот на тој косовски министер кој, според нив, рекол дека „Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина“.
„Косово е подготвено да ги здружи колективните напори за поддршка на одбраната на Украина. Треба повеќе да размислат за ова“ – напишаа хакерите на руски, спомнувајќи го министерот Македончи.
Министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала објави дека „Русија врши хибриден напад на Косово“.
Гервала на мрежата „Х“ изјави дека „рускиот хибриден напад на Косово“ доаѓа по најавата за поддршка на Косово за Украина со воена опрема.
Регион
Александар Вулин: Пријателството меѓу Србија и Кина е челик затоа што го ковавме во оган
Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, на промоцијата на културната размена меѓу Кина и Србија на тема „Што ги делат планините и реките, пријателството обединува“, изјави дека пријателството меѓу двете земји е челик бидејќи е ковано во оган и дека Србија и Кина се разделени за многу работи, но најважното ги обединува, а тоа е одлуката на две држави да бидат слободни.
„Пријателството на нашите лидери, претседателот Вучиќ и претседателот Си Џинпинг, не обврзува да сториме сè, исто како нив, за нашите народи да бидат поблиски отколку што нè прави блиски географијата или историјата. Србите и Кинезите ги дели сè, ние сме различни во сè, но нас нè обединува она најважното – нашата одлука да бидеме слободни, нашата посветеност на најважната карактеристика на народите и луѓето – слободата“, рече Вулин на настан организиран од China Media Group.
Регион
Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан
Советот на Европската Унија денеска даде зелено светло за воспоставување на инструментот за реформи и раст за Западен Балкан.
Ова го претставува финансискиот дел од планот за раст за Западен Балкан, кој на земјите од нашиот регион, вклучително и Србија, им обезбедува шест милијарди евра од буџетот на Европската Унија, две милијарди директна помош и четири заеми.
За да добијат пари, земјите треба да подготват реформски агенди, во кои ќе наведат кои реформи ќе ги спроведат.
Дополнително, предуслови за добивање пари, меѓу другото, се почитување на демократските принципи, слободни и фер избори, медиумски плурализам, независност на судството, владеење на правото.
Дополнителни предуслови имаат и Белград и Приштина, што е видливо поместување во нормализацијата на односите, како и исполнување на обврските што произлегуваат од претходно договорените договори.