Контакт

Вести

Кина убила 28 терористи предводени од странски борци

Објавено пред

Кинеските безбедносни служби во западната покраина Синџијанг убиле 28 терористи од група којашто била под водство на „странски екстремисти“, кои извршија напад врз рудник со јаглен, објави во петокот локалната влада.

dobivaj vesti na viber

Информацијата ја пренесува провладиниот весник Xinjiang Daily, а станува збор за првото официјално споменување на нападот врз рудникот Соган во градот Аксу во кој беа убиени 16 лица, од кои пет полицајци, а 18 беа ранети.Радио Слобода Азија (RFA) коешто прво извести за нападот пред околу два месеца, тогаш објави дека биле убиени најмалку 50 луѓе.Напаѓачите избегале во планините, а властите покренале потрага во којашто секојдневно учествувале по повеќе од 10.000 луѓе пишува Xinjiang Daily. „По 56 дена непрестајни борби, уништена е насилната терористичка група под директна команда на странска екстремистичка група. Покрај лицата коишто се предадоа, 28 криминалци се целосно уништени“, пишува весникот.Кинеската влада последните години објавува дека се соочува со сериозни закани и бунт на исламистичките милитанти и сепаратисти покраината Синџијан, богата со енергетски ресурси, на крајниот запад од земјата, на границите со средноазиските доминантно муслимански земји.Огромното подрачје во западна Кина кое граничи со земјите од Централна Азија веќе две години е сцена на насилни инциденти со стотици жртви од етнички и религиски карактер, кои власите во Пекинг ги сметаат за сепаратистички и терористички со радикална исламска заднина.Синџијанг-Ујгирскиот регион е безбедносни најнестабилната област во Кина. На нејзината територија на која живее автохтоното туркофоно население Ујгури кои станаа малцинство во однос на кинеската етничка група Хан, според кинеските власти, дејствува терористичката организација Источен Туркестан, којашто Пекинг ја сомничи за поврзаност со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Западните влади и организации за човекови права, пак, сметаат дека кинеските власти претеруваат и со тоа ја оправдуваат својата власт на „цврста рака“.Во округот Шаче, или Јарканд на ујгурски јазик, во јули 2014 година избија жестоки судири пред крајот на муслиманскиот празник рамазан. Автономната област Ујгурија-Синџијанг последните години е потресувана од безредија со многу жртви, поради нетрпеливоста меѓу доминантниот народ Хан и Ујгурите, туркофони муслимани. Официјален Пекинг тврди дека станува збора за исламски фундаментализам и дека екстремните Ујгури се поврзани со талибаните и други исламистички движење, во Пакистан, поради што е отворен дијалог со владата во Исламабад.Кина и претходно ги обвинуваше ујгурските сепаратисти и верските екстремисти за серија напади во покраината Синџијанг и тврди дека сакаат да формираат независна држава којашто ќе ја нарекуваат Источен Туркистан базирана на екстремните исламистички прописи. Ова тврдење не е далеку од вистината, бидејќи последните години повеќе ујгурски активисти ја потенцираат нивната етничка поврзаноста со турската популација. Организациите за човекови права, пак, сметаат дека Пекинг ги предимензионира овие закани. Некои групи за заштита на човековите права, пак, тврдат дека Кина претерува со овие обвинувања, за да ја оправда својата политика на цврста рака.Немирите досега не беа проширени надвор од покраината Синџијанг, иако се претпоставува дека од 1997 година радикалните Ујгури се одговорни за бомбашки напади во кои се убиени повеќе стотици лица во некои слични такви напади.Ујгурите сочинуваа повеќе од 40 отсто од вкупно 21 милиони жители на овој регион. Повеќето од нив се населени во Кашгар и другите јужни делови на провинцијата и во последните години искажуваат незадоволство од нивниот статус во општествотоПокраината Синџијанг зазема една шестина од вкупната државна територија на Кина граничи со Авганистан, Пакистан, Индија и Централната Азиска Република, а богата е со нафта, гас и јаглен. Автохтоното население Ујгурите, но во децениите населување на покраината со мнозинскиот кинески народ Хан од другите делови на Кина, денес во Синџианг, Ујгурите се помалку од половината од населението.Постојаните тензии поради големите рестрикции на ујгурската јазична, културна и верска автономија кулминираа во јули 2009 година, кога во насилните судири меѓу Кинезите од народот Хан и етничките Ујгури во главниот град на провинцијата Уримкчи, загинаа околу 200 луѓе, претежно припадници на народот Хан. Од тогаш кинеските власти погубија десетина лица осудени за поттикнување на насилни судири, уапсени и кривично гонети се стотици други, а безбедносните мерки се заострени во целата покраина. Во април 2013 година во близина на Кашгар, пак, во меѓуетничките судири загинаа 21 лице./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија6 часа

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...

Свет7 часа

Америка ѝ нуди на Украина заштита слична на НАТО, Путин, наводно, се согласил

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави во интервју за „Си-ен-ен“ дека рускиот претседател Владимир Путин за прв пат се согласил да...

Топ7 часа

Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56...

Топ12 часа

Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот – ужас во Ѓорче

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во...

Свет13 часа

„Ројтерс“ со детали за планот за ставање крај на војната во Украина

Русија би се откажала од помали делови од Украина, а Киев би препуштил поголеми делови од истокот на земјата  –...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ. Во...

Македонија14 часа

Влен: Османи 20 години гради кариера, без проекти за Чаир

Коалицијата „Влен“ го критикуваше Бујар Османи, наведувајќи дека во изминатите 20 години тој градел лична политичка кариера, но не реализирал...

Македонија15 часа

Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од...

Регион17 часа

Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад. Пред седиштето...

Македонија1 ден

(Вознемирувачко видео) Полицијата на раце носи жена што се обиде да се самоубие скокајќи во Вардар

Денеска (16.08.2025) околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул....

Македонија1 ден

Собранието не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да...

Македонија1 ден

Собранието одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството...

Македонија2 дена

Им побарал 10.000 евра за да им среди во постапки во Кривичен и Апелационен суд во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел Наредба за спроведување истражна постапка против...

Македонија2 дена

Левица: Штрајкот во пералната на Клинички центар е аларм за распад на јавното здравство

Штрајкот на вработените во пералната на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е аларм за целосен распад на јавното здравство, предупредуваат од...

Македонија2 дена

(Видео) Кога во пожар не може пинцгауер, гранка му е мајката: Ангелов со малку шега го покажа херојство на четата на Цветко од Рогачево

Со лопати, стапови, гранки во рацете и светилки на главите седуммина доброволци од Рогачево заедно со екипите на Дирекцијата за...

Македонија2 дена

Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој...

Свет2 дена

Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, го покрена прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во...

Свет2 дена

Трамп и Путин се ракуваа, а во Украина се огласија сирени за воздушен напад преку руските беспилотни летала

Во Анкориџ, Алјаска, со надлетувања на борбени авиони, црвен тепих и слоганот „Стремеж за мир“, американскиот претседател Доналд Трамп го...

Свет2 дена

Трамп и Путин не постигнаа договор за прекин на војната во Украина

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, не постигнаа договор за прекин на војната во Украина по...