Регион
Повеќе од 3.500 деца на Планица ќе ги бодрат најдобрите светски ски-скокачи

Во четвртокот во Планица пристигнаа најдобрите ски-скокачи на светот, да ги одмерат своите квалитети и да се обидат да се квалификуваат во финалето на светското првенство за скијачки скокови. За нив, од подножјето на скокалницата, која што се наоѓа на ридот „Браќа Горишек“, ќе навиваат повеќе од 3.500 деца, родители и наставници. Ова е 37-ма година по ред кога најголемата осигурителна компанија во Словенија и регионот им овозможува на младите генерации да уживаат во еден од најголемите спортски настани во Словенија.
Долината под Понца е традиционалнофинале на натпреварувачката сезона во скијачките скокови, со индивидуални настапи во петок и недела и тимско натпреварување во сабота. Веќе половина век скоковите на Планица ги поддржува Заваровалница Триглав, којашто и оваа година е Златен спонзор на Планица 2017. Повеќе од 30 години, четврток е денот кога се одвиваат квалификациите, наменети за децата од цела Словенија. Оваа година таму веќе пристигна 37-мата Триглав генерација.
На годинашните квалификации, најголемата словенечка осигурителна компанија донесе повеќе од 3.500 деца од основните училишта,згрижени деца, нивните учители, негуватели и родители, какои 12 големи семејства. Од 1981 година до денес на Планица присуствувале повеќе од 90.000 деца со придружби. “Спортскиот празник на Планица, тешко можеме да го замислиме без Заваровалница Триглав. На овој значаен национален настан сме посветени од далечната 1969 година и на симболичен начин настанот ја отсликува поврзаноста на нашата осигурителна компанија со осигурениците. Со речиси 70 автобуси, коишто ги доведоа младите навивачи на овој легендарен настан, повторно ја докажуваме нашата одговорност кон средината, во којашто делуваме – овозможуваме следење во живо на спортскиот спектакл за деца од различни социјални средини, им овозможуваме незаборавно доживување во природата и дружење со врсници. На тој начин ги инспирираме и за спорт и за здрав начин на живот“, изјави Тадеј Чароли, член на управата на Заваровалница Триглав.
Минатогодишниот победник на светското првенство Петер Превц, кој заедно со браќата Цене и Домен се спонзорирани од Заваровалница Триглав, истакна дека огромната скокалница, словенечките навивачи и скоковите во домашна атмосфера во долината под Понца даваат посебен печат.„Чувството е посебно кога под себе слушаш жагор од домашни навивачи и пред нив слетуваш. Најемоционален ден е четврток, кога Заваровалница Триглав на Планица носи голем број деца. Уживаш кога ќе видиш толку многу возбудени лица и радост при следењето на скоковите. Многумина од нив, на друг начин, не би можеле да ја видат Планиц“, рече Превц.
Покрај скокачите, на денот на квалификациите за забава на децата се погрижи и омилениот музичар Златко. За здрава атмосфера, во текот на сите четири дена од финалното светскопрвенство на скијачки скокови се грижи институтот Се ќе биде во ред на Заваровалница Триглав, којшто со акцијата 40 дена без алкохол и Валом 202 веќе втора година по ред ги повикува посетителите кон умерено пиење, односно одрекување од алкохол и овозможува доброволно користење на алкотестови.
Сите гледачи – учесници на Планица и пред сѐ оние, кои настанот ќе го следат пред малите екрани – годинава можат да ги доживеат скоковите и на малку поинаков начин, благодарение на мобилна апликација Triglav Rekord./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Гори во Грција: Издадена наредба за итна евакуација

Голем шумски пожар избувна денес во областа Каравадос на грчкиот остров Кефалонија, а издадена е наредба за евакуација на три области, јавуваат грчките медиуми.
Пожарот избувнал во земјоделска и шумска зона, а ангажирани биле 20 припадници на противпожарната служба со седум возила, како и членови на планинската спасувачка служба и волонтери, објави „Катимерини“.
„Доколку се наоѓате во областите Каравадос, Доризата и Керамис, засолнете се и упатете се во правец на Аргостоли. Следете ги упатствата на властите“, се наведува во известувањето на противпожарната служба.
Четири авиони и два хеликоптери исто така помагаат во гаснењето на пожарот, пишува грчкиот весник.
Фото: принтскрин
Регион
Плинска боца експлодира во стан на српски туристи во Грција, има повредени

Пет туристи од Србија се повредени денес во експлозија на плинска боца во изнајмена соба во Аспровалта, во регионот на Солун, од кои еден доби тешки изгореници, објавува Катимерини.
Несреќата се случила денес околу 15:30 часот под сè уште неразјаснети околности.
Најтешко повреден е 41-годишен маж, кој се здобил со изгореници, додека другите се здобиле со повреди од скршено стакло, објавува Катимерини, додека Прототема објавува дека маж со изгореници од прв и втор степен и жена со изгореници од прв степен се пренесени во свесна состојба во Општата болница во Солун.
Полицијата го уапси 86-годишниот сопственик на куќата, а надлежните органи ги истражуваат причините за несреќата.
Регион
Полицијата на Истра уапси Германец: снимал голи деца со рачен часовник

Истарската полиција приведе германски државјанин (31), кој е обвинет за експлоатација на деца за порнографија откога е откриено дека снима голи деца на плажа со рачен часовник со интегрирана камера.
Граѓаните ја известиле полицијата во вторникот околу 18 часот кога забележале дека мажот снима деца со рачен часовник. Полицијата ги претресла неговите простории, автомобилот и друга техничка опрема и пронашла инкриминирачки снимки. Еден ден подоцна тој бил предаден на притворската единица на Полициската управа на Истра со кривична пријава.
„Полицијата апелира до родителите да ги следат своите деца и да гледаат каде се и што прават на плажа. Облечете ги вашите деца во костими за капење, а доколку забележите сомнително лице што снима деца, веднаш известете ја полицијата на 192“, велат од полицијата додавајќи дека ваквите акции покажуваат дека јавноста е сè повеќе свесна за проблемот со снимањето деца и дека препознавањето на сомнителното однесување овозможува навремен одговор и апсење на сторителот“.
Фото: принтскрин