Вести
Трамп на Флорида следната седмица ќе го пречека Кси
Кинескиот претседател Кси Џинпинг ќе ја има првата средба со американскиот колега по должност Доналд Трамп следната седмица во луксузната приватна резиденција на американскиот претседател, на самит кој треба да го демонстрира приближувањето на двете сили, и во заднина на нуклеарната криза со Северна Кореја.
На 6-ти и 7-ми април, американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде домаќин на кинескиот Кси Џинпинг во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида, објави во четвртокот кинеското министерство за надворешни работи.
Западните медиуми забележуваат дека ваквиот самит до пред неколку месеци се чинеше невозможен, по изборната кампања во САД, кога републиканскиот кандидат ја обвинуваше Кина за „кражба“ на милиони американски работни места и се закани со наметнување казнени царински давачки за кинеските увозни стоки.
Штотуку избраниот ланскиот ноември Трамп го предизвика гневот на Пекинг со сигналите дека може да го преиспита дипломатскиот став од 1979 годна за „принципот на единствена Кина“, според кој кинеските власти го забрануваат секој официјален контакт меѓу Тајван, кој го сметаат за своја одметната покраина, и странските земји.
Тогаш Трамп дури и прифати телефонски разговор со тајванската претседателка Цаи Инг-вен, пред да ѝ се закани на Кина со трговска војна. Меѓутоа, во телефонскиот разговор кон средината на февруари со Кси, изјави дека ќе го почитува принципот на единствена Кина што ја создаде можноста за меѓусебната средба.
Кинескиот претседател ќе биде само вториот странски челник кого го прима Трамп во Мар-е-Лаго откако влезе во Белата куќа на 20-ти јануари, по јапонскиот премиер Шинзо Абе кому му беше домаќин во февруари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.