Црна хроника
МВР со две пријави против поранешниот функционер З.В.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до надлежниот јавен Обвинител достави два поднесока против З.В.(55) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил две кривични дела, соопшти во саботата МВР.
Осомнилчениот се товари за „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“ и „Прикажување на порнографски материјал на дете“.
Врз основа на претходни сомненија за сторени тешки кривични дела, постапувајќи по Наредба на Судија на претходна постапка за претрес на дом и други простории, беше извршен претрес во домот на осомничениот.
При претресот, покрај другите пронајдени предмети, беа пронајдени и два пиштоли, од кои првиот марка Бровинг-Херстол калибар 9мм и вториот пиштол марка Црвена Застава М 70, калибар 7,65 мм, за кои во моментот на претресот и одземањето на оружјето не беше пронајдена дозвола за легално поседување.
Поради основано сомневање за сторено кривично дело од страна на Јавен Обвинител издадена е Наредба за вештачење на оружјето.
Исто така покрај претресот, од страна на надлежните организациони единици при Централните Полициски Служби постапено е и по Наредба за одземање на компјутерски систем и нивна анализа. При првичните дигитално-форензички испитувања, утврдени се обележја за сторено кривично дело „Прикажување на порнографски материјал на дете“, за што веднеш, писмено е известен и надлежниот Јавен Обвинител.
Дигатално форензичката анализа на одземените материјали ќе продолжи во текот на наредните денови.
Вчера, полициски службеници од СВР Охрид, исто така постапија по Наредба издадена од страна на Судија на претходна постапка за претрес на дом и други простории, при што извршен е претрес во домот на А.В.(27) во Струга, познат сторител на кривични дела од областа на насилниот криминал и тоа: Убиство во обид, Предизвикување на општа опасност, Насилство, Изнуди и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали.
При претресот одземени се лап топ компјутер и мобилни телефонски апарати, кои исто така треба да бидат предмет на понатомошни дигитално-форензички испитувања, со цел утврдување на постоење на обележја за сторени други кривични дела.
Осомничениот З.В. во вечерните часови беше изведен пред надлежен судија на претходна постапка од чија страна му е изречена мерка притвор.
Дел од медиумите ноќеска јавија дека станува збор за Зоран Верушевски, директор на некогашната Дирекција за безбедност и контроразузнувањање (ДБК) во време на владеењето на СДСМ. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.