Контакт

Вести

Путин подготвен да се сретне со Трамп во Финска – сили во Вашингтон играат на антируската карта

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот на Меѓународниот арктички форум во Архангелск, изјави дека антируските позиции ги подгреваат одредени сили во САД за сопствени цели, но истовремено изрази подготвеност да се сретне со американскиот колега Доналд Трамп во рамките на состанокот на Арктичкиот совет во Финска.

dobivaj vesti na viber

„Атируските позиции се подгреваат во интерес на одредени политички сили во самите САД, со цел да се поправат своите сопствени позиции, во прв ред, во самите Соединети држави“, смета рускиот претседател Владимир Путин.

Во продолжение Путин ја опиша Финска како „многу добар“ сосед на Русија, кој „има многу добро искуство за организација на значајни настани од овој вид“. Притоа рускиот претседател потсети дека на „хелсиншкиот процес“ во рамките на кој „беа потпишани многу важни документ“ (од 1975 година).

„Во оваа смисла, Финска, според моето мислење, е многу погодна земја, а (финската престолнина) Хелсинки, е соодветното место за организација на вакви случувања“, додаде Путин. Притоа истана дека неговата евентуална средба со американскиот претседател Доналд Трамп би требало да биде подготвена добро од двете страни.

„Доколку тоа се случи, ќе бидеме среќни да учествуваме и лично ќе ми биде драго да учествувам на еден ваков настан (самитот на Арктичкиот совет во Финска – з.р.). Ако, пак, не се случи тоа, тогаш би се случило во рамките на вообичаените средби, како на пример самитот на Г-20 (во јули годинава во Германија –з.р.), и сметам дека таква средба може да се одржи“, заклучи Путин.

Претходно говорејќи на форумот во руски Архангелск, финскиот претседател Саули Ниинисто, предложи да се закаже самит на кој ќе бидат дискутирани прашањата за арктичкиот регион.

„Од почетокот на мај Финска ќе биде претседавач со Арктичкиот совет во следните две години. Нашето мото гласи ‘Наоѓање заеднички решенија’. Треба притоа да ја нагласиме неопходноста од конструктивната соработка на Арктикот меѓу сите земји“, рече финскиот претседател.

„Финска предлага да се свика Арктички самит, во чиишто рамки би можеле да разговараме за сите важни, различни прашања, кои се однесуваат на регионот но и не само на него“, додаде Ниинисто.

Одговарајќи на прашањето за можноста за средба меѓу челниците на Русија и САД на маргините од самитот, Ниинисто истакна дека Финска „би била многу среќна кога би се одржал таков самит“. „Но за самитот потребно е да се има што да се каже“, додаде./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Со јапонски искуства ќе се трансформира системот за управување со кризи и заштита и спасување, Ангелов ја заврши посетата на Јапонија

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Секторот за аналитика во ЦУК, Стевко...

Македонија2 часа

Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката...

Топ2 часа

Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Полицијата изврши претреси во битолско, прилепско, крушевско и во Македонски Брод, пришто пронајдени се оружје и муниција, а приведени четири...

Македонија3 часа

Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј ни ја подарија не само глаголицата, туку со неа изградија силен сесловенски културен и цивилизациски темел

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. „Дозволете ми...

Македонија3 часа

СДСМ: Вистината излезе на виделина за Онкологија, ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите за Филипче

Вистината излезе на виделина за Онкологија, а грозната лага на Мизрахи и ДПМНЕ, кои сакаа со криење документи да го...

Македонија4 часа

Сослушување на семејствата на загинатите во Кочани, ќе бидат повикани и да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат да сослушуваат претставници на семејствата...

Македонија5 часа

Зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Судиите и обвинителите се клиентелисти на СДСМ кои ги штитат политичките криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение, прашувајќи зошто...

Македонија5 часа

Мицкоски: На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј

На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, нивната благородна мисија обединува...

Европа17 часа

(Видео) Жена избоде седумнаесет луѓе на железничка станица во Хамбург

Напад со нож се случил вечерва на главната железничка станица во Хамбург, објави „Билд“. Најмалку седумнаесет лица беа повредени, а...

Регион17 часа

(Видео) Силни врнежи од дожд и град во Белград, поплавени улици и дел од автопатот

Ветер, град и пороен дожд го погодија Белград. Улици и автопат беа поплавени откако невреме го погоди српскиот главен град....

Топ18 часа

Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа во Скопје: мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонски столб

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје две...

Македонија19 часа

(Фото) Република Македонија во Рим го одбележува денот на Свети Кирил и Методиј

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска и утре престојува во Рим, Италија, како член на државно-црковната делегација предводена...

Свет19 часа

Реакции на заканата од Трамп: Американските производители на виски, француската козметика и германската хемиска индустрија повикуваат на ублажување на тензиите

Откако Доналд Трамп повторно се закани дека ќе ја ескалира трговската војна и препорача воведување царина од 50 проценти за...

Македонија20 часа

Временска прогноза за викендов: дожд, грмежи, засилен ветер и пониски температури

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни...

Македонија21 час

Силно одбранбено партнерство и целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика, Мисајловски и Калас ги посетија Балканските медицински наменски сили

Министерот Владо Мисајловски и високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас денеска (23 мај)...

Македонија21 час

Прв Дијалог за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Северна Македонија

Денеска, во рамки на официјалната посета на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во...

Македонија22 часа

Собрани околу 2,5 милиони евра за настраданите во Кочани, од Црвениот крст велат во неколку наврати вршеле исплата

Во рамките на апелот на Црвениот крст за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март, досега...

Македонија24 часа

Мицкоски: Прифативме билатерална средба со Бугарија на маргините на НАТО, со присуство на претставници од ЕУ и САД

Премиерот Христијан Мицкоски откри дека прифатиле да седнат на маса со Бугарија на маргините на НАТО самитот со присуство на...

Македонија1 ден

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Премиерот Христијан Мицкоски и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас имале отворен разговор за македонските...

Македонија1 ден

Сè уште се надеваме дека планот А ќе функционира, рече Калас прашана зошто за Украина има, а за Македонија нема план Б

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, вели дека во случајот со Северна Македонија сè...