Регион
Грчката Влада бара мнозинство за изборот на претседател

Грчката Влада води тајни и заткулисни преговори во парламентот со цел да обезбеди мнозинство од 180 пратеници за изборот на шеф на државата, за време на гласањето во февруари следната година, пишуваат грчките медиуми.
Главната цел на овој „лов” на гласови се независните пратеници во парламентот, со кои владејачката коалиција може да го обезбеди потребното мнозинство без договор и без да подлегне на уцената и условите на опозициските партии, пишува атинскиот весник Ethnos.
Според весникот, консултациите околу обезбедувањето на „претседателско мнозинство“ влегле во финална фаза, односно „сите играат со отворени карти и кројат планови за тоа што ќе биде по изборот на новиот шеф на државата“, наведува Ethnos.
Според грчките аналитичари, доколку грчкиот премиер Андонис Самарас успее да постигне договор со „тројката“ меѓународни кредитори за намалувањето од спасувачкиот план, тогаш би можел да обезбеди и доволно мнозинство за избор на претседател и да избегне предвремени избори. Според грчкото законодавство, доколку парламентот не успее да избере шеф на државата, тој се распушта и се закажуваат предвремени избори, а токму на ова сценарио се надева опозициската Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА).
Последните анкети во земјата покажуваат дека ако во моментов се одржат избори, СИРИЗА би добила 21,7 проценти од гласовите, а Нова демократија – 18,4 отсто. Следат новата партија „Реката“ со 6,9 отсто, Комунистичката партија на Грција со 4,1 процент, „Златна зора“ со 4 отсто, ПАСОК со 3,7 отсто и партијата „Независни Грци“ со 2,6 проценти. Од резултатите станува јасно дека ниту една партија не би можела самостојно да формира влада./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.