Вести
Извори: Урнатиот руски авион немал надворешно влијание

Рускиот патнички авион „Airbus A321“ со 224 патници и членови на екипажот кој се урна на Синајскиот полуостров во саботата утрото на летот од египетското летувалиште Шарм-ел-Шејк за Санкт Петербург не бил изложен на надворешно влијание, изјавил за агенцијата Reuters извор од комисијата на Египет за истражување на најголемата воздухопловна несреќа во историјата на руската и советската цивилна авијација.
Претходно во неделата портпаролот на руската Истражна комисија, Владимир Маркин, соопшти дека руските иследници ќе ги истражат сите сценарија кои би можеле да доведат до падот на авионот, откако џихадистичката органзиација Исламска држава објави наводно дека нејзини луѓе кои се активни на територијата на Синајскиот полуостров го собориле рускиот патнички авион како одмазда за руската воена интервенција во Сирија.
Истовремено во понеделникот воздухопловната компанија „Когалимавиа“, сопственик на урнатиот авион, објави дека причината за несреќата би можела да биде механички ефекти во воздухот, откако екипажот не пријавил никаков дефект во авионот.
„Во моментот од развојот на катастрофалната ситуација, екипажот целосно ја загубил функционалноста. Токму со тоа може да се објасни фактот што нема ниеден обид да се стапи во врска (со контролата на летањето) и да се пријави итна состојба во авионот“, изјави генералниот директор на компанијата, Виктор Јунг, пренесува агенцијата РИА.
Од „Когалимавиа“ сметаат дека единствената причина за падот на нивниот „Airbus A321“ би можела да биде механичка активности во воздухот, оти самиот од себе авионот не можел да понира.
„Авионот се нашол во неконтролиран лет, тој не летал туку пропаѓал“, истакнал Јунг. Според него, за помалку од минута се случило забавувањето на авионот на помалку од 300 километри на час и намалување на височината од 1,5 километри. „Се чини дека во тој момент тој добил значително оштетување на конструкцијата, која не дозволила продолжување на летот“, додал челникот на компанијата.
Јунг истакнал и дека проблеми со горивото може да доведат до дефект во работата на моторите, но и до разурнување на авионот во воздух, што се темели на една од верзиите кои во неделата на соопштија дека авионот се распаднал на два дела во воздух. Компанијата одлучно исклучува дека трагедијата се случила по грешка на екипажот или технички проблеми./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.