Вести
Во Египет уапсени 13 лица за планирање напади, убиени 240 во пет дена на Синај

Египетската полиција уапсила група мажи кои се осомничени за планирање серија експлозии во близина на Суецкиот канал, припадници на забранетото исламистичко Муслиманско братство, а истовремено египетската армија објави во понеделникот дека во офанзивата на Синајскиот полуостров од 1-ви до 5-ти јули убила 241 џихадист, а меѓу нив и припадници на екстремната Исламска држава.
Според податоците на истражните органи на Египет, групата ја сочинувале 13 лица, меѓу кои бил и соработник на дирекцијата која управува со Суецкиот канал, еден од најважните трговски рути. Главната цел на групата, според египетските медиуми кои се повикуваат на полициски извори, била „вршење напади врз објекти коишто имаат значење за египетското општество“. Посебно планирале „неколку експлозии на брегот на Суецкиот канал и прекинување на бродскиот сообраќај преку него“.
Државното обвинителство на Египет одредило петнаесетдневен притвор, период во кој треба да биде завршена истрагата, пренесува интернет изданието на каирскиот дневен весник Al Ahram.
Агенциите истовремено пренесуваат дека во соопштението на портпаролот на египетската армија коешто било дополнето со фотографии на убиени исламистички борци, се наведува дека е убиен 241 џихадист.
Египетската армија по симултаните напади на бомбаши самоубијци врз неколку воени контролни пунктови минатата седмица, започна офанзива на Синајскиот полуостров, чиј северен дел кој граничи со Израел и палестинската енклава Појасот Газа се смета за база на исламистичките бунтовници кои тесно соработуваат со џихадистичката Исламска држава.
Во оваа област, откако на власт дојде поранешниот командант на египетските вооружени сили Абдел Фатах ал-Сиси, кој во летото 2013-та го отстрани од власт првиот исламистички избран претседател на Египет, Мохамед Морси, кој потекнува од Муслиманското братство, откако овој не успеа да воведе мир во земјата по протестите од секуларната опозиција која го обвини за исламизација на земјата.
Повеќето напади врз египетските безбедносни сили на Синај ги извела групата Ансар Бејт ал-Макдес, односно којашто откако изјави лојалност на Исламската држава се преименува во „Вилает (покраина) Синај“.
Џихадистите тврдат дека возвраќаат на крвавата пресметка на египетските сили со припадниците на Муслиманското братство, чии повеќе челниците вклучително и Морси се осудени на смрт, во кои се убиени повеќе од 1.400 луѓе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.