Контакт

Вести

Вооружени лица грабнале 30 авганистански шиити

Објавено пред

Вооружени лица грабнале триесетина шиитски муслимани кои инаку се честа цел на напади на сунитите, додека се возеле со автобус во јужен Авганистан, изјавил претставници на локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Патниците, припадници на племето Хазари, биле грабнати во понеделникот навечер во округот Шахзојм во покраината Забул, во јужен Авганистан, изјавил за AFP гувернерот на округот Абдул Халик Ајуби.

„Возачот забележал група мажи во авганистански униформи, чии лица биле прекриени со црни поткапи, како му покажуваат да го сопре автобусот. Мислел дека се војници и запрел“, рекол Насир Ахмад, директор на приватното автотранспортно претпријатие во чија сопственост бил автобусот.

„Вооружените лица потоа одвеле триесетина патници Хазари“, додал Ахмед забележувајќи дека биле земени само мажите, а не и жените и децата. Според него, грабнувачите меѓусебно разговарале на „странски јазик“.

Хазарите, коишто претежно се шиити, имаат азиски црти на лицето па полесно препознатливи. Во споменатата област редовно се цел на екстремистички напади, многу почесто во Пакистан отколку во соседен Авганистан.

Одговорноста за грабнувањето на 30-те Хазари во вторникот, засега никој не ја презема, но се претпоставува дека можно е тоа да го сторила група „друмски разбојници“ или некоја подобро организирана исламистичка група, во периодот додека авганистанските власти стравуваат од ширењето на Исламската држава на територијата на нивната држава и прогон на шиитите од оваа област, како што тоа се случува во Сирија и во Ирак на територии кои ги заземаа сунитските џихадисти./крај/мфсн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет

Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и...

Македонија44 минути

(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните

Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на...

Македонија1 час

Мицкоски за сценаријата за кои предупредувал: Се гледа дека се реалност, и Европа се срами од дефанзивните политики на т.н европски политичари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот чин на гласање на претседателските и парламентарните избори со повик до граѓаните да...

Македонија1 час

Избирачки списоци со проблеми, скратено право на глас, притисоци, прекршување на изборниот молк: Левицата за нерегуларностите во изборниот процес

,,На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачките списоци се полни...

Македонија1 час

Ковачевски: Денешните избори се оние што ќе ја одредат иднината на државата, и на сегашните и на идните генерации

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори....

Македонија1 час

Пендаровски: Има информации за обиди за бојкот на претседателските избори

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година. Во изјава за медиумите Пендаровски...

Македонија2 часа

42,32 отсто од граѓаните гласале на претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК

До 17 часот до ДИК биле пристигнати податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 2.040 избирачки места, од...

Македонија4 часа

ДИК за одѕивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите

До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки...

Македонија4 часа

Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК

Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за...

Македонија7 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија7 часа

Со УВ-ламба и спреј ќе продолжи гласањето на некои избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми...

Македонија8 часа

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87 отсто, а на парламентарните 13,69 отсто

Според податоците од 2.080 избирачки места, за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87 отсто од гласачите. Државната изборна...

Топ10 часа

ДИК: Одѕивот до 9 часот е намален во однос на претходните избори за претседател и пратеници

Одѕивот до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „Во споредба со вториот...

Македонија10 часа

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „На...

Топ10 часа

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на...

Свет11 часа

Популарноста на Америка опаѓа во светот, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Популарноста на Америка како глобална сила опаѓа ширум светот, особено во земјите со мнозинско муслиманско население,  додека на Русија и...

Македонија11 часа

Почна вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори. Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во...

Свет12 часа

Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување не е утврден

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател...

Свет12 часа

„Астра Зенека“ ја повлекува вакцината неколку месеци по признавањето дека има несакани ефекти

Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откога пред судот во Лондон призна...

Свет12 часа

Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. Тој почина поради старост и оштетување на...